Колач со мак, брзо, лесно, вкусно, може и посно, се меша со лажица, не можете да згрешите

Фото и рецепт: Виолета Танкосиќ Андреевска

Потребни состојки:

2 шолји шеќер, може и помалку, по вкус
2 шолји млеко
1 шолја масло
3 шолји брашно
1 прашок за печиво
100 г мак (афион)
1 шолја = 200 мл, јас користев шолја за чај

За посна варијанта, наместо млеко, може сок од портокал, газоза, вода, а наместо чоколадна глазура може одозгора да се премачка со џем.

Постапка:

Сите состојки по ред се ставаат во подлабок сад и се мешаат со лажица додека да добиете изедначена мазна смеса.

Смесата се излева во намастен и набрашнет плех со средна величина и се пече во загреана рерна на 200 степени. Јас печев во тркалезна тепсија бр.30, околу половина час или додека колачот да започне да се одвојува од ѕидовите на тепсијата.

Колач со мак (Фото и рецепт: Виолета Танкосиќ Андреевска)

Ако користете поголеми шолји, користете поголема тепсија.

Печениот колач одозгора се прелива со чоколадна глазура, топено чоколадо со малку масло или по ваша желба.

Колачот може да се приготви и во посна варијанта. Наместо млеко ставете газоза или вода, сок и рендана кора од портокал, а одозгора премачкајте го со вашиот омилен џем.

Колач со мак (Фото и рецепт: Виолета Танкосиќ Андреевска)

Колач со мак (Фото и рецепт: Виолета Танкосиќ Андреевска)

Loading...