Рецепт за оригинално босанско селско месо во грне

Потребни состојки:

600 г свежо месо (половина јунешко, половина јагнешко)

2 моркови

2 корен од магдонос

½ главица бела зелка

2- зелени пиперки

8 помали компири

2-3 главици црвен кромид

5 до 6 чешниња лук

2 лути пиперки

10 зрна црн пипер

Малку винска киселина

2-3 домати

100 г бамја

Малку црвен пипер

Сол

Постапка:

Месото се мие и се сече на поголеми парчиња.

Целиот зеленчук се мие и се чисти. Морковот и магдоносот се сечат на тркалца, зелката на парчиња, доматор, пиперката и излупениот компир на поголеми парчиња.

Кромидот се сече на четвртинки, а лукот само се лупи.

Месото и зеленчукот се редат во лонец од 4-5 литри (најдобро е во глинено грне) па се залива со ладна вода.

Може да се додаде и малку грашок и 2-3 мали феферончиња за подобар вкус.

Лонецот не смее да биде наполнет до врв, а вода се налива до половина на лонецот.

Потоа се додава црн пипер, сол, оцет, црвен пипер (може и малку масло ако месото е мускул – ќе биде доста повкусно).

Лонецот/грнето  добро се прекрива со масна хартија(пергамент) и цврсто се врзува.

Хартијата се пробушува со игла на неколку емста и лонецот се става на тивок оган да крчка 3-4 часа

Loading...