Макот (семе од афион) е омилениот македонски додаток на колачи, ролати, пити, баклави и други вкусни јадења. Прочитајте ги рецептите како да приготвите маковница цвет и штрудла со мак. Прв рецепт – Маковница цвет, декоративен, вкусен, мек како душа.

Подготовката е лесна, а вкусот е неодолив за сите љубители на макот. Потребни состојки: 500 г меко брашно, 30 г свеж квасец, 250 мл млеко, 2 жолчки, 50 г растопен путер, 100 г шеќер, 1 ванилин шеќер и 1 прстофат сол.

За фил: 400 г мак, 140 г шеќер, 200-300 мл млеко, 1 ванилин шеќер и 2 белки. За премачкување: 1 јајце Постапка: Квасецот и една лажица шеќер прелијте ги со 100 мл топло млеко, промешајте да се раствори и оставете на топло 10-тина минути да се активира.

Стасаниот квасец измешајте го со наведените состојки и остатокот од млекото, па замесете мазно тесто. Оставете го покриено да стасува околу еден час додека да го удвои волуменот. Потоа развлечете го во тенка кора, премачкајте го со филот преку целата површина и свиткајте го како ролат.

Ролатот спојте го како прстен во круг и со остар нож засечете го како што е прикажано на на фотографијата, па засечените делови наредете ги малку накосо за да се добие облик на цвет. Оставете на топло да стасува 20 минути.

Потоа премачкајте го одозгора со разматено јајце и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час. За фил: мелениот мак и шеќерот прелијте ги со врело млеко. По желба додадете малку рум. Во изладениот фил додадете изматен снег од две белки.

Совет: Количината на состојките е доволна за две помали маковници или една поголема. Може да направите и две средни по големина, по ваш избор и потреба. Парчињата што ќе ги засечете може и да се налегнат, но не мора./coolinarika.com

Втор рецепт – Брза штрудла: нема чекање, се пече одма – Штрудла со мак (семе од афион) и ореви. Рецепт и видео прилог на Драгана Михајловиќ од “Направи сама – Идеи за креативци” – Маковница и Оревовица. Брза штрудла, нема чекање, туку се замесува и се пече веднаш, а совршена е.

Рецептот на мојата омилена блогерка Јека од блогот “Јекин капрц”. Потребни состојки: 2 белки, 250 мл врело млеко, 450 г меко брашно тип 400, 10 г свеж квасец, 2 лажички прашок за печиво, 1 лажица шеќер, ½ лажичка сол, 1 лажичка, рендана лимонова кора и 100 мл масло.

За првиот фил ќе ви бидат потребни следните состојки: 200 г мелен мак (семе од афион), 100 мл врело млеко, 3 лажици шеќер или по вкус, 1 ванилин шеќер и 2-3 полни лажици густ мармалад или џем. За вториот фил ќе ви бидат потребни следните состојки:

200 г мелени ореви, 100 г врело млеко, 3 лажици шеќер или по вкус, 1 ванилин шеќер, 2-3 полни лажици густ мармалад или џем. За премачкување на штрудлите: 2 жолчки и 2 полни лажици кисела павлака.

Постапка: Одвојте ги белките и изматете ги во цврст снег, а потоа во тенок млаз додавајте врело млеко додека постојано матите со миксер. Потоа тргнете ги белките на страна да се оладат и додадете 100 мл масло.

Во подлабок сад за месење додадете 450 г брашно, па издробете 10 г свеж квасец, две лажички прашок за печиво, 1 полна супена лажица шеќер, на врв од лажичката сол и рендана кора од лимон (околу 1 лажичка). Промешајте убаво да се изедначат состојките.

Сувите состојки постепено додавајте ги во изладените белки со млеко и масло и мешајте со лажица додека убаво да се соединат. Тестото е меко и лепливо. Поделете го на два дела, за две штрудли и оставете го на страна малку да одмори. За тоа време пригответе го филот со мак:

Загрејте 100 мл млеко па прелијте го врз 200 г мак. Додадете една кесичка ванилин шеќер и 2 или повеќе лажици џем (по потреба). Промешајте за да се изедначи. Истата постапка повторете ја и за филот со ореви. За да не ви потемнат оревите, во нив додадете малку лимонов сок.

Врз набрашнета површина малку премесете го тестото во тенка кора со димензии 42х28 см или приближно. Врз кората рамномерно распоредете го филот, па свиткајте го ролатот и пренесете го во плех обложен со хартија за печење. Истата постапка повторете ја и со другата половина од тестото.

Одозгора премачкјате ги со мешавина од две жолчки и две лажици кисела павлака. Ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 20-тина минути до половина час. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.