Рецепт и видео презентација на Драгана Михајловиќ од “Направи Сама-Идеи за креативци” – Посно предјадење: 3 вида топчиња од една смеса. Ова е одличен рецепт за посно и евтино предјадење.

Посните топчиња од компир изгледаат многу ефектно, а превкусни се. Брзо и едноставно се приготвуваат и сите ги сакаат. За да ги приготвите овие вкусни топчиња ќе ви бидат потребни следните состојки:

1 кг компир, излупен и исечен на крупни коцки, 2-3 чешниња лук по вкус, 90-100 г посен мајонез (мала кесичка), 3 полни раце несолени печени и мелени кикирики (а може и готови пржени и лупени, но во тој случај ќе мора да внимавате на количината на солта).

Потоа ќе ви бидат потребни: 1 голем морков, толчена лута пиперка (средно лут буковец), сол, црн пипер, околу 3 лажици препечен сусам (половина за валкање). Постапка: Компирот убаво измијте го, излупете го и исечете го на крупни коцки.

Посолете го и ставете го во тенџере заедно со еден морков. Долејте вода за да бидат компирите покриени, па сварете ги. Кога ќе се сварат, морковот тргнете го на страна, а варените компири процедете ги и изгмечете ги како пире.

Лукчето исчистете го и испасирајте го (или многу ситно исечкајте го) и додадете го во пасираниот компир. Додадете и посен мајонез, посолете по вкус и запиперете. Промешајте за да се изедначи смесата. Ова е основата која треба да се подели на три дела.

Во првиот дел додадете ги мелените кикирики и промешајте да се изедначи. Во втората смеса додадете 1,5 лажица сусам и промешајте. Во третиот дел додадете рендан морков (кој претходно се вареше со компирот. Од смесата со сусам вадете топчиња и валкајте ги во сусам.

Од смесата со морков вадете топчиња и валкајте ги во толчена црвена пиперка. Од смесата со кикирики правете топчиња кои можете да ги валкате во мелени крекери или кикирики, а може да ги оставите како што се.

Варијантите навистина се големи и неисцрпни. Смесата е навистина одлична и може да се комбинира со најразлични состојки како на пример: ситно сечкан магдонос, шарена сол, мелени посни крекери, рендан морков и сл. Деталите за постапката можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.