РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШНИ НЕГРО БОНБОНИ: По 1 на ден и го лекува црвеното грло. Рецепт на ДејвХакс. Ова е еден стар, а многу лековит рецепт за црвено и б олно грло. Бонбоните можат да ги користат и деца, бидејќи се многу вкусни и веднаш ќе им ја ублажат кашлицата.




Сите ние знаеме дека како мали штом не заболеше грлото, бабите веднаш трчаа и ни подаваа полека да растопиме по една Негро бонбона, која веднаш ги ублажуваше симптомите. Сега, може да си направите и домашни бонбони кои се прават многу брзо, а излегуваат многу.




Потребни состојки: 1 шолја шеќер, 1 шолја вода, 1 лажичка сок од лимон, 1 лажичка манука мед или обичен, 1/2 лажичка ѓумбир во прав, 1/4 лажичка мелено каранфилче, шеќер во прав за наросување.




Постапка: Во помало тенџере ставете го шеќерот и вклучете ја ринглата на ниска кон средна температура. Прелијте со една шолја вода и почекајте малку да се загрее. Потоа процедете 1 лажичка лимонов сок и додајте го во сирупот. Намалете ја температурата на најнискиот степен.




Додајте и 1 лажичка манука мед. Манука медот има висока концентрација на лековити својства и помага кај полесно и потешки инфекции, изго-реници, моментално ја ублажува б олката кај ра-ни и помага во нивно брзо зараснување, ги лекува симптомите на бронхитис и значително го зајакнува имунитетот.




Доколку немате манука мед, може да користите и обичен во подготовка на рецептот. Потоа ги додавате зачините, половина лажичка ѓумбир во прав и 1/4 лажичка мелено каранфилче. Ако каранфилчето го имате како сува билка, може да го издробите во толчник.




Со постојано мешање на смесата за да не загори, од моментот на вриење се остава да се готви 15-20 минути на најтивко. Течноста за ова време ќе потемни и ќе добие портокалово-златна боја. Тогаш тргнете од рингла и на дрвена даска или плех ставете хартија за печење.




Со лажичка ставајте кругчиња на хартијата за печење, одделени за да не се залепат меѓусебе. Треба да внимавате додека го правите ова бидејќи течноста е многу врела и може да се изго-рите. Кога ќе ги наредите бонбоните, оставате малку да се стврднат врз хартијата.




Потоа одозгора наросете ги со шеќер во прав по потреба, за да не се лепат меѓусебе. Од бонбоните може да користите по 1-2 на ден или да ги додавате во чаша топла вода, па така да го испиете топлиот напиток.




Складирајте ги во метално кутивче обложено со хартија за печење. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт за лекување на кашлица и б олно грло со Негро бонбони и млеко.




Сируп од негро бонбони за смирување на кашлица кај деца. Потребни состојки: 1 пакување кесичка негро бонбони, 100 мл млеко. Постапка: Во тенџере на тивок оган или на пареа се ставаат бонбоните да се стопат, а кога од нив ќе добиете течна смеса се дотура млекото и се меша за да се соедини.

Се става потоа течноста во тегла и се пие неколку пати на ден по едно мало лажиче. По 2-3 дена се сми-рува кашлицата. Исто така, можете да приготвите и чаша топло млеко со 3 негро бонбони за моментно да се сми-ри грлото на самиот почеток од болеста. Стоплете млеко, ставете ги бонбоните и мешајте додека се растопат. Напитокот се пие додека сè уште е топол.