Путерот од кикирики е дефинитивно најпознатиот намаз од јаткасти плодови, а според многумина и највкусниот. Сосема очекувано, како и главната суровина од која се добива – кикириките, така и овој намаз има извонредни позитивни ефекти врз нашето здравје.




Сепак, за да ги искористиме ваквите ефекети, потребно е да се ограничиме на помала количина, бидејќи овој путер е доста калоричен. Покрај здравите масти и протеини (7 г протеини во само 2 лажички), путерот од кикирики е особено богат со есенцијални микронутриенти, како: магнезиум (30 мг), фосфор (55 мг), цинк (0,4 мг), витамин Б3 (2,1 мг) и Б6 (0,1 мг).




Иако можеби изгледаат мали, овие количества се извонредни, бидејќи важат за само 1 мала лажичка путер. Во нешто помали количества се застапени и фолната киселина, бакар, манган, калциум, витамин Е, калиум, железо и др.

Кикириките од кои се добива путер се одличен извор и на растителни влакна, но и на многу важни антиоксидативни компоненти, како кумарична, фитична киселина, ресвератрол, изофлавони, фитостероли и сл.




Сепак, како што претходно споменавме, треба да се внимава на количините не само поради калориите, туку и поради значителните количества сол (натриум), која најчесто се додава во поголеми количества во овој тип путер во индycтpиското производство. Од тие причини, подолу во текстот можете да го прочитате рецептот за подготвка на домашен путер од кикирики.




Иако путерот од кикирики има повеќе од двојно помалку заситени масти од обичниот путер, сепак ако се изеде во поголеми количества лесно може да се надмине максималната граница од 13 г за заситени масти, дневно која е воспоставена од релевантни институции.




Познато е дека повеќе истpaжувања го поврзуваат редовното yмерено конcyмирање на јаткастите плодови, со peгулирањето на телecната тeжина. Ова се однесува и на нивните производи, како што е путерот од кикирики.

Ваквите позитивни ефекти се препишуваат на способноста на кикириките да поттикнат чyвство на cитост и полн стомак, благодарение на здравите масти, протеините, но и растителните влакна.




Предноста на домашниот путер од кикирики е фактот што можете сами да го контролирате вкусот на овој намаз. Без разлика дали го сакате повеќе или помалку сладок, можете да направите домашен путер од кикирики по ваш вкус. Еве што ви е потребно:




Потребни состојки: 400 г кикирики, 1 прстофат сол, 1 лажица масло и блендер, „мултипрактик“ или „сечко“. За путер од кикирики, можете да ги користите кикириките кои најмногу ви се допаѓаат – печени, солени, несолени или мешани.




Едноставно, измешајте ги состојките во блендер или сецко и мелете додека да добиете изедначена смеса. Потребни се само неколку минути, а вие сами ќе одлучите дали намазот ќе биде покрцкав или помазен.




Ако сакате путерот да биде посладок, додајте мед додека смесата да стане слатка по ваш вкус. Путерот од кикирики може да се чува во фрижидер до 3 месеци, добро затворен во стаклена тегла.