Рецепт за американски палачинки со кој нема промашување – Pancakes со мерки на чаша

Фото и рецепт: Сунчица Савиќ Стојановиќ – Pancakes

За мерење се користи чаша од 200 мл.

Потребни состојки:

2 чаши млеко
2,5 чаши брашно
1/3 чаша шеќер, може и помалку
1/3 растопен путер
2 јајца
1 прашок за печиво
1 прстофат сол

Постапка:

Loading...

Белките одвојте ги од жолчките, додадете прстофат сол и пенасто изматете ги и постепено додадете го шеќерот додека тој да се растопи и да добиете цврст и сјаен снег. На страна изматете ги жолчките, додадете го млекото, па путерот и на крај брашното помешано со прашок за печиво.

Убаво изматете за да се изедначи смесата. Со лажица или шпатула додадете го снегот од белки и внимателно промешајте за да се сочува пенливоста на смесата. Тавата за палачинки добро загрејте ја, па намалете ја температурата. Не треба да ја мастите, бидејќи не се лепат.

Ставете од смесата приближно половина голема кутлача за една палачинка. Кога ќе се појават меурчиња на тестото, свртете ја палачинката и испечете ја и на другата страна. Печете ги на степен 3 од вкупно 9.

За варијанта со банана и чоколадо: додека првата страна се пече ставете неколку тенки кругови банана и капки од чоколадо (или ситно сечкано), почекајте ги меурчињата, па свртете. Добра е и комбинацијата со црвено овошје и секако боровинките со задолжителниот јаворов сируп.

Фото и рецепт: Сунчица Савиќ Стојановиќ

Loading...