-Педијатар го спасил животот на милиони деца со обична супа од морков: Рецепт стар еден век-

Пред крајот на 19 век и почетокот на 20 век медицината достигнала голем напредок и нејзината природа се угледувала во многубројните области, кои се однесувале не само на лекување на болестите, туку и на нивно спречување – превентивна медицина.

Во овој период се родил и дејствувал Ернст Моро (Љубљана, 8 декември 1874 – Хајделберг 17 април 1951). Тој бил лекар педијатар кој е најпознат по откритието на примитивниот рефлекс (кој по него е наречен Мооров рефлекс). Студирал медицина во Австрија, а работел како лекар во Виена и Минхен и станал професор на Универзитетот во Хајделберг.

Во времето во кое живеел Моро просечниот животен век на луѓето бил 35-40 години поради големата смрстност на новороденчињата. Тој целиот свој живот го посветил на лекулање и спасување на младите детски животи.

Пред цел еден век овој педијатар ги вовел сировите јаболки во исхраната на доенчињата, осмислил формула за нивно хранење (Моорово млеко) и осмислил супата од моркови во диеталната исхрана за лекување на децата со дијареа.

Со текот на времето овој голем човек беше заборавен, но пред повеќе од една деценија започна современо истражување на неговите откритија.

Па така, во 2002 година беше објаснето на кој начин формираните олигосахариди од супата со моркови, делуваат врз патогените бактерии и го спречуваат оштетувањето на цревната слузокожа.

Денес е јасно дека готвениот морков успешно ја спречува дијареата, а свежиот морков пак, помага во лекување на опстипација.

СУПА ОД МОРКОВ – Ја спречува дијареата предизвикана од бактерии кои се отпорни на антибиотици.

Потребни состојки:

1 кг морков
1 прстофат сол
2 литри вода

Постапка:

Морковите се чистат убаво и се сечат на помали парчиња. Се ставаат во тенџере и се преливаат со вода. Се посолува со неколку зрна сол и става на оган да се готви на тивко до умерено, додека да се преполови течноста, односно да се намали на еден литар.

Потоа со рачен миксер се блендира за да се добие крем-супа.

Забелешка: Супата на Моро бил наједноставниот природен лек кој ја намалил смртноста кај децата за речиси половина.