Рецепт: Од 1 кг портокали и 0,5 кг моркови, добивате 10 литри многу вкусен сок!

Фото и рецепт: Антонија Лукиќ

Сокот е превкусен, децата го сакаат, често го приготвувам во двојна доза.

Ова е рецепт за една доза, а јас секогаш го правам двојно. Исто така, купувам лимонска киселина во пакување од 100 г зошто е поисплатливо, а и често го приготвувам овој сок.

Потребни состојки:

1 кг портокали
0,5 кг морков
50 г лимонска киселина
1 кг шеќер
2 литри вода за готвење
8 литри вода за подоцна

Постапка:

Портокалите убаво измијте ги со ладна вода, па оставете ги неколку часови да отстојат во вода со малку сода бикарбона. Морковите исто така измијте ги добро и отстранете ја од нив нечистотијата.

Исечете ги портокалите и морковите па ставете ги во тенџере со 2 литри вода и лимонска киселина. Гответе на умерена температура 45 минути. Кога ќе бидат омекнати измиксајте ги со рачен миксер или во блендер, па оставете на страна да излади.

Во 8 литри вода растопете 1 кг шеќер. Кашестиот сок преку газа или сито процедете го во водата. Доколку сокот го сакате погуст, тогаш не мора да го цедите.

Ако користите домашни портокали, доволно е само да ги процедите. Но ако се купечки, јас вака постапувам: Ги потопувам 24 часови во солена вода за да се извлече горчината и пестицидите.

Кога ќе ги готвите најдобро е да се исечкаат на коцкички, а морковот да се изренда или исечка со сечко. Може да додадете и јаболка или праски или кајсии, односно овошје по желба. Како ја зголемувате количината на овошје, така пропорционално зголемете ги водата, шеќерот и лимонската киселина.

Фото и рецепт: Антонија Лукиќ

Loading...