Фото и рецепт на Даниела Стамевски. Овој лек кој се приготвува со рузмарин е особено ефикасен за иcкашлyвање на cлyзта, а покрај тоа успешно ги coвладyва пaтoгените микpoopганизми и го подига имунитетот.

Фото и рецепт: Даниела Стамевски




За да го подготвите овој сируп потребни ви се 3 свежи гранчиња рузмарин. Се користат врвовите, долги околу 5 см, а од нив се вадат само игличките (без дрвцето). Во случај да не можете да најдете свеж рузмарин, тогаш користете 3 полни супени лажици сув рузмарин (од билна аптека).




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 гранчиња рузмарин или 3 супоени лажици суви иситнети иглички од билката, 3 лимони (истретирани со сода бикарбона или оцет), 250 г интегрален или бел шеќер (или мед), 1 литар вода

Фото и рецепт: Даниела Стамевски




ПОСТАПКА: Лимонот се користи заедно со кората, ба доколку немате органски произведен, односно сте го купиле од продавница, тогаш треба добро да го исперете. Измијте го под млаз ладна вода, па потоапете го во ладна вода со 1 полна супена лажица сол и 1 полна супена лажица сода бикарбона.




Вака се остава потопен да отстои преку цела ноќ. Следниот ден повторно се мие под млаз вода и се сече на парчиња. Се вадат семките, а парчињата лимон се ставаат во тенџере со еден литар ладна вода.




Се додава рузмаринот (исчистени само игличките, брз дрвцето од гранчето) и се остава на умерена температура да зоврие. Од моментот на зовривање се намалува температурата и се остава полека „да струи“ додека да се преполови течноста.




Потоа се процедува низ двојна газа, се истискува добро за да се добие што повеќе течност, па се додава шеќерот и повторно се враќа на оган малку да зоврие „еден клуч“. мешајте додека целосно да се растопи шеќерот и да се добие сируп.




Доколку користите мед, тој се додава кога течноста ќе биде изладена, односно млака. Се трга од оган и се складира во стаклени теглички. Се чува во фрижидер. Употреба: Се консумира по една супена лажица 3 пати во текот на денот, пред јадење. Помага при искашлување и го подига имунитетот. Фото и рецепт: Даниела Стамевски