РЕСТОРАНСКИ ЛЕБ…Мек, вкусен и мирисен…Едноставна постапка…Рецептот го научив од готвач со долгогодишно искуство и мора да признам дека откако еднаш го направив, често го приготвувам за моите дома, но и за гости.

Постапката е многу едноставна и брза, па секој може да го направи. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

100 мл густ јогурт или кисело млеко на собна температура
500 мл млака вода
8 г сув квасец
750-800 г брашно
1 лажичка сол

ПОСТАПКА:

Растворете го квасецот во мешавина од јогурт и вода, па започнете постепено да го додавате брашното помешано со сол. Откако ќе добиете компактно тесто, продолжете го рачно месењето на работна површина, околу 2-3 минути.

Треба да биде меко, но да не се лепи. Оставете го покриено во намастен сад и оставете да ферментира на топло место 1 час или колку што е потребно за да го удвои волуменот.

Стасаното тесто малку премесете го и поделете го на два дела. Обликувајте топки, покријте ги и оставете да одморат 15 минути. Потоа со помош на дланките и прстите обликувајте ги двете теста во дебели овални кори.

Оставете ги во плех обложен со хартија за печење и покријте ги за да ферментираат 30 минути. Потоа направете вдлабнувања со помош на рацете, по три линии на секое лепче.

Одозгора премачкајте ги со ладна вода и печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, 15-20 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ:

https://youtu.be/6frVr7oLjng?si=kDF9fh1Trrn6t1fS