Секој од нас, особено жените се нервираат кога белата техника ќе добие жолтеникава боја. Истото важи и за старите телевизори и монитори, куќиштето од компјутерите, тастатурите…

Погледнувате околу себе и ви се чини дека сè има жолтеникава боја и не ви е јасно како се случило тоа кога редовно бришете прашина.  За среќа, досетливите луѓе откриле начин за решавање и на овој проблем.

Прво исклучете го уредот од струја, расчистете го и одалечете го малку од ѕидот или ако станува збор за телевизор и монитор, преместете го на маса за полесно спроведување на чистењето.

Избришете ја прашината со влажна крпа. Земете шише со распрскувач во кој сте ставиле раствор од алкохолен оцет во однос 1:10, или чист оцет ако е премногу жолто.

Испрскајте го целиот уред освен деловите преку кои течноста може да навлезе во внатрешноста на апаратот.

Земете чист сунѓер и пребришете убаво, а можете да ја користите и грубата страна за триење. Оставете да делува 30 минути, потоа со влажна крпа пребришете и на крај завршете со сува памучна крпа.

Постапката можете да ја повторите доколку уредот сè уште не е избелен, но овојпат оставете подолго да делува, па дури можете да користите и чист лимонов сок.

Крајната опција е да користите избелувач разреден исто така 1:10, но притоа користете ракавици за да не ја оштетите кожата.