Непријатниот здив наутро после будењето е нормална работа, бидејќи во текот на ноќта устата се суши, се собираат бактериите кои брзо се намножуваат, но сепак, сето тоа веднаш исчезнува штом ќе ги измиеме забите.

Меѓутоа, доколку и после миењето на забите и употребата на течноста за дезинфекција на усната шуплина, и воопшто, во текот на целиот ден имате проблем со непријатниот мирис во устата, тогаш тоа е знак дека постои некаков проблем.

„Ако на еден човек не му тече носот, нема алергиски ринитис, крајниците се добри, нема оток на лимфните жлезди на вратот или не се воспалуваат често, забите се добри…Тогаш, од каде доаѓа лошиот здив?

Тоа е исклучително непријатно, особено меѓу младите“, рече гастроентерологот д-р Војислав Перишиќ, наведувајќи некои од најчестите причинители за појава на лош здив кој не може да се испере ниту со четка и паста за заби.

А потоа објасни и која е најверојатната причина, ако ништо од горенаведеното не е. „Зошто тоа се случува?Тоа е лоша колонизација на усната шуплина со бактерии, и тоа бактерии кои предизвикуваат ферментација.

Колку и да ги миеме забите секогаш останува малку храна, бактериите кои се лоши во усната шуплина ферментираат и на тој начин се ослободуваат гасови и непријатни мириси“, објасни докторот, но за среќа рече дека има решение за овој проблем.

„Доколку лошиот здив потекнува од ферментирачките бактерии, тогаш проблемот се решава за 10-тина дена со помош на лекови. Имаме лек со бактеријата „стрептококус саливариус“, плунковен стрептокок.

Се става пред спиење на непцето и се остава полека да се разложи со помош на плунката. Тие бактерии ќе ја населат усната шуплина и ќе ги иселат ферментирачките стрептококи кои предизвикуваат лош здив.

Ова се решава за десетина дена“, објасни докторот и напомена дека хеликобактер пилори е бактеријата која исто така честопати нè загрижува, но дека главно таа не е причина за лош здив, иако може да биде.

„Не сум сретнал дека хеликобактер дава лош здив, но мора да се провери постоењето на оваа бактерија, бидејќи таа создава амонијак кој потоа се издишува и може да даде лош здив.

Потоа на пример кога постои заболен црн дроб, може да се случи да се јави необичен здив, но тоа веднаш се забележува од вратот на човекот дека има заболен црн дроб. Исто така, може да се случи бубрезите да ја откажале или намалиле својата функција, што освен преку здивот, се забележува и на самиот човек“, заклучи д-р Перишиќ.