РЕДЕН КЕЉ – Многу вкусно јадење со најздравиот зеленчук во комбинација со мелено месо

Фото и рецепт: Раза Галијашевиќ

Потребни состојки:

1 главица кељ
500 г мелено месо
1 главица кромид
2-3 чешниња лук или по вкус може и повеќе
1 стебленце целер
1 свежа пиперка
малку зелка, прокељ, карфиол, магдонос
100-тина г ориз
1 кисела црвена пиперка или повеќе по вкус
3-4 топки моцарела или по вкус

за прелив:

1 јајце
1 лажица кисела павлака
1 лажица ајвар
1 лажица сенф
1 лажица густин

Постапка:

Loading...

Месото ставете го да се испржи на умерен оган, се додека да испари течноста и да ја промени бојата. Потоа истурете го во еден сад.

На истото масло пропржете го ситно сечканиот кромид, па кога ќе застакли и омекне, истурете го врз месото. Додадете и ситно сечкано лукче.

На ист начин пропржете го и останатиот зеленчук и додадете го во садот со месото.

Оризот сварете го во солена вода, процедете го и додадете го во месото.

На страна измешајте ги сите состојки за прелив, па додадете го во садот со месото, па сето заедно убаво промешајте го за да се изедначат вкусовите и состојките.

Од кељот извадете ги листовите, отстранете го дебелиот средишен дел, па кратко проварете ги во врела вода со малку сол, неколку минути колку да омекнат. Вадете ги листовите и оставете ги да се исцедат.

Во намастен калап или тепсија наредете еден слој листови од кељ (види фото), па ставете фил, па повторно листови и се така додека да се потроши материјалот.

Помеѓу можете да ставате сечкана моцарела или кашкавал по желба и мали парчиња путер. На крај филот поклопете го со листови и тепсијата покријте ја со фолија.

Печете во загреана рерна на 250 степени околу половина час. Кога јадењето е печено, превртете ја тепсијата на тацна и сечете. Јадењето е превкусно!

Фото и рецепт: Раза Галијашевиќ

Loading...