Многу вкусни лепчиња за хамбургери кои можат да се замрзнуваат и по потреба да се вадат

Фото и рецепт: Амра Чурак

Лепчињата се многу вкусни и практични.

Потребни состојки:

500 г брашно
1 сув квасец
250 мл млако млеко
100 г путер
1 јајце
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол

и уште:

јајце за премачкување
сусам за наросување

Постапка:

Loading...

Во млекото растопете го путерот, па тргнете го на страна да излади.

Во брашното додадете го сувиот квасец, солта и жеќерот. Промешајте.

Направете вдлабнување и во него скршете едно јајце.

Со постепено додавање на млакото млеко, замесете тесто.

Тестото прекријте го со крпа и оставете го на топло место да стасува околу еден час.

Кога тестото ќе ја удвои својата величина, премесете го за да биде убаво и мазно.

Истресете го врз набрашнета работна површина и поделете го на 7 еднакви делови. За помали хамбургери може и на 8 еднакви делови.

Секој дел премесете го и обликувајте го во топка.

Топчињата редете ги во плех обложен со хартија и оставете ги да стасуваат 15 минути.

Потоа притиснете ги со дланката, па оставете ги уште 15 минути.

Премачкајте ги со изматено јајце.

Богато наросете ги со сусам.

Лепчињата печете ги 20 минути во претходно загреана рерна на 170 степени. Прекријте ги со крпа и оставете ги речиси да изладат.

Изладените лепчиња пакувајте ги во кесички во порции по желба и ставете ги во замрзнувач.

Кога ќе сакате да ги искористите, извадете ги од кесичките и оставете ги на собна температура 20-тина минути.

Потоа кратко запечете ги во загреана рерна на 200 степени, околу 10-тина минути.

Loading...