Рецепт за леб за дијабетичари, лица со инсулинска резистенција и висок притисок…Леб за слабеење…

Леб кој ќе ви го промени животот на подобро! Без квасец, без глутен, богат со влакна!

Рецепт за леб за дијабетичари, лица со инсулинска резистенција и висок притисок…Леб за слабеење… Леб со кој ќе го изгубите вишокот килограми и ќе го намалите стомакот. Леб за сите оние кои сакаат да живеат здраво и долго!

Леб кој содржи малку јаглехидрати и многу влакна, протеини и масти! Рецепт за леб кој не го зголемува нивото на шеќер во крвта и има силен инсулински одговор! Кето леб со ленено семе! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

240 г ленено семе (мелено во ситно ленено брашно)
40 г псилиум/индиски тегавец (за бесквасно тесто)
2 лажички прашок за печиво
0,5 лажичка сол
320 мл врела вода
по желба: ленено семе за посипување

ПОСТАПКА:

Помешајте ги сувите состојки, па додајте ја врелата вода и промешајте со лажица. Потоа продолжете го месењето со рака додека да добиете компактна смеса.

Тестото обликувајте го во плех обложен со хартија за печење. Одозгора премачкјате го со ладна вода и посипете го со ленено семе. Печете го 50 минути во загреана рерна на 180 степени.

Печениот леб оставете да се подизлади пред сечење. Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ: