Дабот е свето дрво, но може исто така, да го исчисти организмот од токсините кои сме ги примиле преку храна, козметика, загаден воздух и вода…

Замислете наутро да се разбудите полни со енергија и да имате одлична концентрација за на работа. Постојано да сте расположени и да одите со насмевка на лицето.

Да немате главоболка, ниту болки во грбот или зглобовите. Сите овие тегоби може да бидат последица од таложење на тешките метали и токсини во организмот. Од овие токсини можете да се детоксицирате со помош на хлорофил, зелена глина, да се извадат амалгамските пломби и да се спроведат разни детокс диети, но исто така, во чистењето може да помогне и дабот.

Во народната медицина кората од дабот се користи како антисептик и противотров, а плодот – желадот е одлична замена за кафето и многумина го користат за решавање на разни метаболички проблеми.

Дабот е дрво кое одамна е почитувано кај народот, претставува симбол на сила и моќ, долговечност, цврстина, духовно и материјално богатство. Неговиот плод исто како и кората се користел уште одамна за исхрана и лекување.

За да се сочува лековитоста на кората, се вади и се суши од младите гранки рано напролет пред листањето или доцна наесен кога ќе опаднат листовите. Кората се суши и понатаму се користи за приготвување на чај кој е богат со танини и затоа се користи како антисептик.

Се користи и како адстригенс бидејќи делува површински на собирање на ткивото, а лекува воспаление на кожа и слузокожа.

По потреба, дабовата кора може да се користи и како антидот, односно противотров во случај на труење со алкалоиди и тешки метали.

Желадите созреваат во септември и октомври и тогаш е најдобро да се берат. Кога се користат како храна, ја засилуваат животната енергија и на организмот му пружаат антиоксидативна заштита.

ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМОТ

Една лажичка кора од даб се прелива со 200 мл ладна вода. Се поклопува и се остава да преноќи. Следниот ден се процедува и во текот на денот се пие голтка по голта. Вака приготвениот чај го чисти организмот од токсини, го олеснува трезнењето и добар е против мамурлок. На деца не се дава.

ЗА ИСПИРАЊЕ НА ГРЛО

Лажичка кора од даб се прелива со 500 мл вода и се загрева до точка на вриење. Се процедува и се користи за испирање на грлото и гргарење. Делотворен е кај воспаление на грлото и усната шуплина.

ВО ВИД НА БАЊА

Во еден литар вода ставете 7 лажички кора од даб. Загрејте до вриење. Се користи во вид на облози или бања откако ќе се процеди и излади. Бањите се користат кај псоријаза и други кожни заболувања, а облозите кај убоди од инсекти.