Ракот на панкреас не е воопшто шега – еве како да го избегнете

Бидејќи е многу тешко да се дијагностицира во ран стадиум, оваа болест е една од најсмртоносните: само 1% од луѓето со дијагностициран рак на панкреас во Велика Британија успеваат да преживеат во следните десет или повеќе години.

Стапките на преживување во САД не се ништо подобри а истиот случај е и кај нас.

Тоа е така бидејќи ова е многу подмолна болест без предупредувачки знаци кои многу лесно се заменуваат со секојдневните здравствени тегоби.

Кога конечно ќе се утврди болеста, многу е тешко, речиси невозможно да се отстранат сите канцерогени клетки.

НАЈГОЛЕМИОТ ВИНОВНИК ЗА ОВАА БОЛЕСТ СЕ ПРЕРАБОТКИТЕ ОД МЕСО

Долго време, научниците веруваа дека ракот на панкреас го предизвикува вишокот на телесна маса, панкреатитисот, дијабетесот и пушењето – сите фактор ризици кои ја зголемуваат шансата за добивање на рак за дури 74%.

Но новото истражување открива дека месните производи, исто така, можат да бидат предизвикувачи.

Една неодамнешна студија објавена во BMC Мedicine открива дека големата потрошувачка на процесуирано црвено месо е поврзана со зголемената смртност причинета од рак.

Преработките од месо се најголемите виновници за кардиоваскуларни заболувања и добивање на канцер.

Но ова не е првата направена ваква студија. Ризикот од добивање на рак на панкреас се зголемува со секои две ленти сланина што ќе ги изедете секојдневно:

Една студија финансирана од Swedish Cancer Foundation испитала 11 студии и извештаи од случи на повеќе од 6.000 пациенти со рак на панкреасот, па дошле до заклучок дека секојдневното јадење на 50 грама преработки од месо – околу еден колбас или две ленти сланина – го зголемува ризикот од рак на панкреас.

Јадењето на околу 150 грама процесуирано месо секој ден, го зголемува ризикот за 57% .

Иако истражувачите се’ уште не се сигурни кои точно механизми се виновни, нитратите и нитритите се често ставени под акцент како најголеми виновници.

Не затоа што тие се токсични туку затоа што тие имаат потенцијал да бидат токсични.

Што се нитрати?

Нитрати се природни состојки кои се наоѓаат во почвата, воздухот и водата. Тие дејствуваат како конзерванс и подобрувач на бојата кај месните производи.

Телото ги користи нитратите да ги убие штетните бактерии (како што е салмонелата) во дигестивниот тракт, ги шират крвните садови и ја зголемуваат енергијата.

Проблемот настанува кога нитратите се наоѓаат во месото, па кога ќе се изложи на висока топлина при готвење, тие се претвораат во соединенија наречени нитрозамини. Ова може да се случи само кога се присутни вистинските амино киселини.

Овие канцерогени соединенија се вистинската опасност. Тие често се наоѓаат во месо, пиво, некои видови на сирења, немасно млеко во прав и преработките од риба.

Всушност, овој вид на храна, исто така, се поврзува со зголемен ризик од рак на мочниот меур, хранопроводот и рак на желудникот.

Една друга многу популарна храна која е преполна со нитрати, виршлите, се поврзуваат со зголемен ризик од 700% за добивање на леукемија во детството.

Јадете храна богата со витамин Ц

Иако најдобар начин да се избегнат овие канцерогени соединенија е да се намали внесот на преработките од месо и млечни производи, сепак, вие можете да ја намалите изложеноста на нитрозамини со консумирање на храна која е богата со витамин Ц, и тоа во текот на оброците, за да се спречи создавањето на нитрозамини.

Исто така, додека ја пржите сланината на пример, тоа правете го на послаб оган, и преферирајте да купувате несолена сланина.

Loading...