Како се прави Рафаело торта која не се пече. Пробајте супер е, готова е за 15 минути. Рецептот и видео презентацијата е на Силвана од “Кујната на Силвана” (Silvana’s Kitchen). Колачот е многу мек, нежен и секој залак се топи во уста. одозгора можете да го наросите со кокос и да го декорирате со лешник за потполн – рафаело – вкус.

Потребни состојки: 1 литар млеко, 8 лажици шеќер, 2 пудинг од ванила, 120 г путер, 50 г бело чоколадо, 210 г кокос, 180 мл слатка павлака, 1 пакување петит кекси и малку кокос за наросување одозгора.

Постапка: Еден литар млеко ставете го да се загрее во тенџере на оган. Додадете осум лажици шеќер и промешајте за да се растопи. Веднаш додадете ги и прашоците од две кесички пудинг со вкус на ванила.

Убаво промешајте за да нема грутчиња и варете го пудингот на умерена температура додека да се згусне. Мешајте цело време и внимавајте да не ви загори. Кога ќе згусне пудингот додадете 120 г путер исечкан на парчиња и 50 г бело чоколадо.

Мешајте додека сите состојки се растопат и убаво се соединат во кремот. На крај додадете 210 г кокос и уште еднаш убаво промешајте за да се натопи рамномерно и да се изедначи смесата. На крај додадете 180 мл густа склатка павлака.

Промешајте и целата смеса претурете ја во посебен сад. За да добие крематозна структура измиксајте го неколку минути со миксер додека да стане нежен и мазен крем. Нема потреба да го оставате да изладува, колачот може веднаш да се филува додека кремот е сè уште топол.

Во калап со обрач кој се вади, димензии 24х24 см на дното наредете бисквити. Нема потреба да ги натопувате затоа што тие ќе си примат влажност од кремот и ќе омекнат. Може да користите и калап со различни димензии во зависност од тоа дали сакате колачот да ви биде повисок или понизок.

Врз наредените бисквити рамномерно наредете  третина од филот и убаво израмнете (оставете малку фил за најгоре). Потоа наредете нов слој бисквити и нежно втиснувајте ги во кремот. Откако ќе го наредите четвртиот слој бисквити, премачкјате со остатокот од кремот. Распоредете рамномерно и убаво израмнете.

Одозгора наросете кокосово брашно.  Вака приготвениот колач оставете го во фрижидер да излади и да се стегне околу 4-5 часа. Потоа извадете го обрачот, сечете на штангли или коцки и послужете го овој вкусен колач. По желба декорирајте со лешник. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.