Рафаело топчиња без млеко во прав – готови за 10 минути

Многу едноставна постапка!

Потребни состојки: 500 мл млеко, 10 лажици шеќер, 2 ванилин шеќер, 4 лажици густин – пченкарен скроб, 130 г путер/маргарин, 250 г кокос + 50 г за валкање на топчињата. Лешници, бадеми или друго јаткасто овошје, по еден плод за топче, а може да бидат и празни

Постапка: од млекото одземете 50-100 мл за разматување на густинот, а остатокот ставете го на оган да зоврие заедно со ванилин шеќерот и шеќерот.

Густинот убаво разматете го да нема грутчиња и сварете го во млекото исто како пудинг.

Во сварениот крем додадете путер и кокос, па од добиената смеса формирајте топчиња.

Во секое топче ставете по еден лешник, по желба, но подеднакво се вкусни и празни.
Потоа топчињата валкајте ги во кокос.

Деталите погледнете ги во видеото:

Претходна статијаБрз и сочен колач со ореви и чоколадо
Следна статијаПоловина час пливањe во морска вода е како три дена детокс – ЕВЕ ЗОШТО!