Радикално чистење на цревата – ова мора секој да го направи

Потребни состојки:

500 г свеж морков

500 г свежо цвекло

1 рака суви кајсии

1 рака суво грозје

1 лажица мед

Постапка:

Обидете се да пронајдете состојки кои имаат органско потекло.

Земете половина килограм свеж морков и исто толку сирово цвекло. Зеленчукот ситно исечкајте го и ставете го во чист емајлиран лонец.

Прелијте со врела вода така што водата да биде два прста над зеленчукот.

Потоа додадете по една рака сечкани суви кајсии и суво грозје.

Ставете го лонецот на оган, водата да зоврие. Веднаш потоа тргнете го лонецот од оган. Кога малку ќе излади, додадете во тоа по една лажица мед и оставете да отстои поклопено 12 часа на ладно и суво место.

Потоа, течноста добро истиснете ја и процедете. Течноста пијте ја, а остатокот можете да го искористите за потребите во кујна.

Оваа количина е доволна за 2 дена.

Консумирање:

Пијте по половина чаша (100-150 мл) трипати дневно пред оброк.

Чистењето на цревата со помош на овој рецепт нека трае еден месец. Потоа цревата ќе бидат препородени.

Преостанатата течност чувајте ја во фрижидер.

Претходна статијаЧудо од средство за чистење кое ја одбива прашината: без хемикалии
Следна статијаОткриен рецепт за јакнење на коренот: со неколку употреби вашата коса станува здрава и убава