Псилиум или индиски тегавец е една од најефикасните билки кои помгаат во празнење на цревата- природно и безболно. Тоа е идеална намирница за пролетно чистење, кое ќе му помогне на телото да се ослободи од токсините во дигестивниот тракт, а кои создаваат база за развој на некои хронични болести.

Успешно ги отстранува остатоците од храна кои се таложат во цревата и кои со време потешко се елиминираат.

Ситните семки/лушпи од псилиумот кои се потопуваат во вода, може да го зголемат својот волумен до 15 пати, што ви обезбедува ситост, и осигурува лесно чистење на цревата. Псилиумот го препорачуваат сите диетичари ширум светот, бидејќи успешно ги заменува синтетичките лаксативи и на неагресивен начин делува врз дигестивниот систем.

Може да помогне во случај на хронична опстипација, иритабилен колон, Кронова болест, воспаление на дебелото црево, синдром „мрзливи црева“, зголемен холестерол и други состојби поврзани со отежната и проблематична дигестија.

Може да биде сојузник во чистењето на организмот, како и во примената на свежи напитоци и смути кои инаку ги користите во својата исхрана.

НАПИТОК ОД ПСИЛИУМ И ЈОГУРТ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРЕВАТА

Искористете го псилиумот кој е богат со влакна, и ацидофилниот јогурт, еден од најпопуларните пробиотици, за да имате здрава и неоптеретена дигестија.

Оваа комбинација ќе го поттикне празнењето на желудникот и цревата, ќе ги отстрани талозите и ќе ја обнови цревната микрофлора.

Индискиот тегавец се врзува со мастите, па погоден е и за оние кои внимаваат на срцето, крвните садови и на сите кои имаат проблем со холестеролот.

Можете да го претворите во појадок кој ќе го консумирате во текот на една седмица.

Состојки:

2 лажички псилиум

200 мл ацидофилен јогурт (или кефир)

Постапка:

Измешајте ги состојките и веднаш испијте го напитокот. После овој оброк испијте задолжително и 2 чаши вода, а во текот на денот пијте повеќе вода од обично.

Индискиот тегавец ќе набубри во желудникот и цревата и притоа ќе се врзе за течноста, што може да предизвика блага дехидрираност, па затоа секогаш имајте чаша вода при рака.

ОВОШНО-ЗЕЛЕНЧУКОВО СМУТИ

Псилиумот совршено одговара со овошје и зеленчук, во здрави зелени смути и напитоци.

Ако сте поборник на овој вид исхрана, пробајте го овој детоксирачки смути кој ќе би биде замена за оброк или вечера.

Покрај тоа што ќе му помогне на вашиот дигестивен тракт и ќе го ослободи вашиот организам од токсините, ќе ве снабди и со витамин Ц, ќе ве заштити од воспалителни процеси, и ќе ви помогне доколку имате холестерол или дијабетес.

Покрај дигестивниот тракт, ќе ја исчисти и вашата кожа.

Состојки:

250 мл вода

1 јаболко

1 чаша свеж спанаќ

Сок од 1 лимон

1 лажичка ленено семе

1-2 лажички псилиум

Постапка:

Измешајте ги сите состојки во блендер и веднаш испијте го напитокот. Покрај тоа испијте една голема чаша вода и внимавајте да пиете повеќе течности во текот на денот.

Оваа комбинација е одлична за дигестивниот систем. Силното делување на овошјето и зеленчукот во оваа комбинација ќе го поттикне чистењето на цревата, ќе ги смири грчевите и подуеноста, а вие ќе се чувствувате полесно и полетно.

Притоа вашето тело ќе се обезбеди со потребните витамини и минерали, што е одлично за вашето срце, крвните садови и зглобовите, бидејќи ќе ги елиминира наталожените токсини.

Можете да го користите како појадок, бидејќи заситува.

Состојки:

1 чаша ананас

½ банана

½ чаша вода

¼ чаша свеж магдонос

2 лажици авокадо

1 лажичка свеж рендан ѓумбир

1 лажичка псилиум

Сок од еден лимон

Постапка:

Измешајте ги сите состојки бо блендер, а напитокот веднаш испијте го. После задолжително испијте уште една голема чаша вода.

ДЕТАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ЦРЕВАТА СО 2 СОСТОЈКИ:

Ако не сакате да ги комбинирате овошјето и зеленчукот со псилиум, пробајте го овој рецепт со зелена глина. Индискиот тегавец е задолжен за квалитетна дигестија, а зелената глина е природно средство кое ги врзува за себе токсините и патогените па му помага на телото уште полесно и поуспешно да се ослободи од нив.

Состојки:

1 лажичка псилиум

1 лажичка зелена глина

250 мл вода, или млака лимонада

Измешајте ги сите состојки и пијте трпати дневно, помеѓу оброците. Можете напитокот да го пиете и само 2 пати, наутро и навечер. Секогаш пијте повеќе вода од обично.

Првиот ден испијте само една чаша, за да се навикне организмот на глината.

Овој третман се препорачува во времетраење од две седмици, не подолго, со лесна исхрана и повеќе движење.

Напомена:

Индискиот тегавец можат да го користат и бремени и доилки, но со консултација на лекар. Може да се користи и додека примате медикаменти, но во растојание од 4 часа, бидејќи може да влијае врз апсорпцијата на некои одредени лекови.

Иако псилиумот е безбеден за организмот, не им се препорачува на болни со оштетени бубрези, бидејќи во текот на консумирањето на псилиумот потребно е да се пијат многу течности.