Ќе ви го откријам трикот, долго чуваната тајна на сестра ми за највкусните пржени лепчиња (конечно ми ја кажа и сега ќе ја споделам со вас : – ) )

Потребни состојки:

10-12 лепчиња стари 2-3 дена

3 јајца

300 мл млеко

1 прстофат сол, или по вкус

масло за пржење

Постапка:

Во една чинија разматете ги јајцата со виљушка. Долејте млеко и сол, па промешајте.

Ако сакате лепчињата да ви бидат слатки, додадете еден ванилин шеќер. Секое лепче натопувајте го од двете страни во мешавината од јајце и млеко, па редете ги на тацна.

Лепчето натопете го умереном, не премногу за да не ви се распадне, но и не премалку, за да не биде суво зошто ќе впива повеќе масло.

Загрејте масло во тефлонско тавче што не лепи, доволно колку да го покрие дното, во тенок слој.

Натопените лепчиња пржете ги од двете страни по 1-2 минути.

Првата тура може да се пржи на најсилно, на шестка, но потоа треба да намалите на 5 или 4 за да не ви загоруваат.

Прженото лепче треба да добие крцкава коричка а одвнатре да биде меко.