Home Рецепти Посни МАК ванилици – Нов вкус во кој ќе се вљубите, од...

Посни МАК ванилици – Нов вкус во кој ќе се вљубите, од оваа смеса излегуваат 70 споени ванилици

Фото и рецепт: Светлана Нешковиќ

Потребни состојки:

250 г маргарин омекнат
130 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
1 портокал – рендана кора
300 г универзално брашно
200 г мак

Постапка:

Маргаринот омекнете го на собна температура, додадете шеќер во прав и ванилин шеќер па добро изматете со миксер. Додадете рендана кора од портокал и уште малку промешајте.

Во друг сад просејте го брашното и промешајте го со макот. Потоа соединатете го со маргаринот и замесете со рака додека да добиете компактно тесто.

Од тестото развлечете кора со дебелина од 0,5 см и вадете кругови со помала чаша, како што тоа го правите со обичните ванилици.

Редете ги во плех и печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути. Внимавајте да ви останат бели. Кога се печени извадете ги да се изладат.

<

Спојувајте ги по две со џем од кајсија. Кога добро ќе се залепат (најдобро е да преноќат), можете да ги натопувате до половина во црна и бела чоколадна глазура.

Глазура: 100 г бело посно чоколадо со 2 лажици масло се растопува на пареа. Истата постапка е и за црното чоколадо.

Ако сакате можете и да не ги спојувате, туку поединечно да ги натопувате во чоколадо.

Од оваа смеса излегуваат околу 70 парчиња споени по две, вкупно 4 плеха се печат.