На лицето кое добило убод од стршлен треба да му дадеме коцка-две мраз во устата, да го лади грлото и да спречи отекување на слузокожата, при што во спротивно би настанало задушување.

Прво измијте го местото со ладна вода и ставете коцка мраз на местото на убодот за да се намали ширењето на отровот. Повикајте медицинска помош колку што можете поскоро.

Од убоди од стршлен починала жена (57) од околината на Чачак. Според зборовите на нејзиниот братучед, совршено здравата жена се обидела да го избрка мавтајќи со крпа, по што во еден момент го соборила на подот.

Наместо да го згази, таа го стиснала со крпата и притоа се здобила со убоди од овој инсект. Не ни знаела дека е алергична, а исходот бил фатален.

Што да правиме ако се најдеме во близина на човек кој се задушува од убоди од стршлен, објасни докторката Бисерка Обрадовиќ во „Јутру“ на Прва.

„Пред сè, таа не знаела дека е алергична на убоди од стршлен (како и многумина од нас). Треба да знаеме на што сме алергични и на што можеме да реагираме на тој начин.

Да не беше алергична немаше да се случи ништо посебно. Што можеме да направиме кога станува збор за прва помош?

Прво треба да го изладиме местото, да ставиме мраз на него. Ако дојде до задушување, мора да му дадеме антихистамин“, откри д-р Обрадовиќ и објасни што да правиме ако го немаме лекот со нас:

„Тогаш на лицето треба да му дадеме коцка-две мраз во устата, да го лади грлото и да спречи отекување на слузокожата, при што во спротивно би настанало задушување. Прво измијте го местото со ладна вода и ставете мраз.

Потребна е медицинска помош што е можно поскоро. Луѓето кои се алергични на убоди од стршлен, исто така, најчесто се алергични и на убоди од оса и пчела, а тие луѓе мора да носат адреналин со себе за брзо дејствување“, истакна докторката.

Итната реакција е од клучна важност.

„Убодот од инсект може да предизвика алергиска реакција. Кога дишењето и срцето запира, мозокот е најчувствителниот човечки орган. Тогаш е најпотребна прва помош, во првите пет до осум минути.

После тоа, мозокот е мртов. И да го придвижиме срцето, ништо не можеме, бидејќи мозокот е мртов и нема функција“, предупреди докторката Бисерка Обрадовиќ.