ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ: Намаз од ореви – неколку брзи и едноставни рецепти

Гостите најмногу ги обожаваат вкусните намази во кои можат да ги натопуваат фурнаринките или кифличките. Доколку сакате следниот пат да ги изненадите со нешто вкусно, одберете некој од предложените рецепти (или сите) и уживајте во одличниот вкус. Еве што ви е потребно:

рецепт 1




РЕЦЕПТ 1 (намаз од орев) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г ореви, сол и црн пипер по вкус, малку лук во прав по вкус, 1 лажичка сенф, малку врела вода

рецепт 2

РЕЦЕПТ 2 (намаз од модар патлиџан и ореви) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл): 1 модар патлиџан, малку маслиново масло, лук по вкус, 1 чаша ореви, 3-4 лажици ситно сечкан свеж магдонос, рендана кора од лимон, 1 лажица сок од лимон, 1 лажица цветен мед (светол), сол и црн пипер по вкус

рецепт 3

РЕЦЕПТ 3 (намаз од крем сирење и ореви) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г крем сирење, 1 супена лажица кисела павлака, 1 супена лажица сечкани ореви, малку магдонос, 1 лажица масло од тиква или маслиново масло, сол, крупно мелен пипер

рецепт 4

РЕЦЕПТ 4 (намаз од грашок и ореви) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г грашок, 1/2 главица кромид, лук по вкус, 50 г ореви, 30 г пармезан, 5-6 супени лажици екстра девствено маслиново масло, сол и црн пипер по вкус

рецепт 5

РЕЦЕПТ 5 (намаз од печурки и ореви) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 120 г печурки, 50 г ореви, 4 лажици маслиново масло, 1/2 главица кромид, лук по вкус, сол и црн пипер по вкус, хербални зачини по вкус




ПОСТАПКА за рецепт 1: Оревите сомелете ги (претходно можете да ги истостирате за посилен вкус, малку да ги пропржите во сува тама и да ги оладите пред мелењето). Потоа во оревите додајте сол, црн пипер, лук во прав, па добро измешајте за да се распоредат. Потоа додајте сенф и малку врела вода. Водата додавајте ја потреба и внимавајте намазот да не ви е премногу редок.




ПОСТАПКА за рецепт 2: модриот патлиџан измијте го, пребришете го, преполовете го, направете му засеци од внатрешна страна и премачкјате го со маслиново масло. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени 35 минути. Последните 15 минути ставете го и лукот да се испече, завиткан во алу-фолија и намастен со маслиново масло.




Печениот патлиџан оставете го да се олади. Во блендер ставете ги оревите и свежиот магдонос. Направете два-три пулса, а потоа додајте ситно рендана лимонова кора, сок од лимон, мед, печен лук и излупениот модар патлиџан. Зачинете со сол и црн пипер по вкус, па изблендирајте до изедначување.




ПОСТАПКА за рецепт 3: Исечкајте ги оревите па измешајте ги со крем сирењето, киселата павлака, сечкан магдонос, сол, црн пипер и масло, па фино соединете додека состојките да се изедначат. Одлично е да се премачка на малку потпечен леб.




ПОСТАПКА за рецепт 4: ако грашокот е смрзнат тогаш варете го приближно 2 минути, а ако е свеж, тогаш 5 минути. Варениот грашок исцедете го. Во тава на малку загреано масло пржете го ситно сечканиот кромид 3-4 минути. Додајте сечкан лук и пржете уште една минута. Тргнете на страна.




Во блендер ставете го исцедениот грашок, издинстаниот кромид со лук, оревите, ренданиот пармезан, маслиновото масло и зачинете со сол и црн пипер во прав по вкус. Изблендирајте сè заедно додека сите состојки да се поврзат.




ПОСТАПКА за рецепт 5: Зеленчукот ситно исечкајте го и пропржете го во тава на 2 лажици масло, па додајте малку вода. Кога водата ќе испари и кромидот ќе омекне, додајте ги сечканите печурки, посолете и зачинете по вкус. Поклопете и динстајте на ниска температура 30 минути. Пред крај додајте ситно сечкан лук и црн пипер.

Потоа сето ставете го во блендер, додајте ги оревите и преостанатото маслиново масло. По потреба додајте уште зачини, па изблендирајте.

Претходна статијаПОХОВАНО ПИЛЕШКО БЕЗ МАСЛО: Една тајна во подготвката ги прави батаците убаво заруменети и крцкави
Следна статијаЦВЕКЛО И МЕД: Запишете си го овој рецепт, многу вкусна комбинација со лековито дејство од кое сите се воодушевени