До анемија доаѓа кога еритроцитите содржат помалку хемоглобин, а поради тоа мозокот, срцето и мускулите добиваат помалку кислород. Затоа анемичните лица чувствуваат ментална и физичка слабост. Тогаш срцето работи забрзано за да ја зголеми циркулацијата и на тој начин да го надополни недостигот со кислород.

Истражувањата покажуваат дека најзагрозени се жените за време на менструалниот циклус, бремените жени во вотрата половина од бременоста, помладите, како и школките и предшколските деца. Кога ќе се појават првите знаци на анемичност, неопходно е да се направи лабораториска анализа.

Мора да се провери хемоглобинот и да се спроведе понатамошната терапија според советите на лекарите. Секако, природните лекови се тука за да помогнат и да го забрзаат процесот на оздравување, а три билки особено се издвојуваат кога станува збор за помош во борбата против анемијата.

КОПРИВА – Од сите билки на планетата, копривата содржи најмногу железо и затоа, според изборот на нашите билкари, е број еден кога станува збор за лекување на анемија. Најдобро би било да приготвите чај од оваа лековита билка. Лажица сув лист коприва прелијте со 200 мл зовриена вода и оставете да отстои 10-тина минути.

Чајот процедете го и пијте го млак. Се препорачува дневно да испиете три шолји чај пред јадење. РУЗМАРИН – Рузмаринот не е само ароматичен зачин, туку и многу лековита билка која помага во лекувањето на анемијата, особено кај деца. Во една шолја зовриена вода ставете лажичка лист од рузмарин, поклопете и оставете да отстои 10-тина минути.

Потоа процедете и десет дена пијте по три шолји дневно пред секој оброк. ИВА трева – Анемичните лица може да пијат и чај од ива трева. Оваа билка има горчлив вкус, кој потекнува од танините и етеричните масла. Маправете мешавина од 25 грама сува ива трева и 25 г коприва.

Во половина литар ладна вода ставете лажица од оваа мешавина, поклопете и оставете да отстои три часа. После тоа чајот малку загрејте го, процедете го и пијте по една чаша трипати дневно пред јадење. Напомена – пред да започнете да пиете чаеви за анемија, најпрво посоветувајте се со вашиот лекар.

Ова е еден рецепт за природен лек за анемија, мевлем за имунитет и сируп за кашлица – приготвени со семе од коприва, а фотографијата и рецептот се на Милица Гвериќ – смеса за имунитет со семе од коприва. Семето од коприва се користи како природен лек за анемични и слаби лица.

Целата коприва, а особено семето е најдобриот природен лек за анемичните и слаби лица, бидејќи го јакне организмот и го зголемува нивото на железото. Сами можете да си го приготвите лекот против анемија на многу едноставен начин. Потребни состојки: 500 г природен квалитетен мед, 4 поголеми лимони, 100 г семе од коприва, 300 г ореви.

Постапка: Семето од коприва сомелете го во блендер или електрична мелница за кафе, а оревите сомелете ги машинка за мелење јаткасти плодови. Семето од коприва во прав заедно со мелените ореви добро измешајте ги, па додадете сок од исцеден лимон и мед.

Мешајте додека сите состојки да се соединат. Смесата складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Се консумира секое утро по една супена лажица на гладно. Лимонот е голем извор на витамин Ц кој ја подобрува апсорпцијата на железото. Исто така, копривата е природен концентрат на витамини и минерали.

Младиот лист од коприва на пример, содржи неколкупати повеќе витамин Ц отколку зелената салата или друг зеленчук. Доколку сакате да го зајакнете имунолошкиот систем на вашиот организам, тогаш направете го мевлемот за имунитет. Потребни состојки:

1 кг ливадски природен мед, 100 г ореви, 100 г бадеми, 200 г ленено семе, 50 г семе од коприва. Постапка: Бадемите и оревите сомелете ги во машинка за мелење на јаткасти плодови, а лененото семе и семето од коприва сомелете ги на електрична мелница за кафе.

Потоа сите состојки соединете ги. Додадете го медот, па добро промешајте до изедначување. Може да се консумира по неколку пати во текот на денот, по една лажичка. Семето од коприва е делотворно и во природниот сируп против кашлица. Потребни состојки:

2 главици црвен кромид, 4 ореви со лушпа, 20 г семе од коприва, 750 г природен мед. Постапка: Од кромидот отстранете ја само најгорната лушпа и потсечете го коренот. Потоа пресечете ги главиците на половина. Оревите убаво измијте ги заедно со тврдата лушпа, а потоа само малку поткршете ги.

Потоа кромидот, поткршените ореви и семето од коприва ставете ги во еден литар вода и варете ги додека да остане само една четвртина од вкупната смеса. Процедете и кога ќе биде млако додадете 750 г мед. Измешајте, а од сирупот пијте повеќепати во текот на денот, додека да се смири кашлицата.

Природен лек за слабокр-вност е храна богата со железо и фолна киселина. Намирници богати со железо се мешунки (грав, грашок), интегрални житарици, јаткасти плодови, јајца, риба, црвено месо, компир, семки од тиква и сончоглед. Во исхраната исто така треба повеќе да се вклучи:

Зелен лиснат зеленчук, морков, грозје, боровинки, црна рибизла, сливи, кајсии, домати, интегрален леб, мед од жалфија или костен. За да се апсорбира железото, потребно е да се внесува и доволна количина од витамин Ц. Воедно, важно е да се знае дека кофеинот, танините и никотинот ја спречуваат апсорпцијата на железото.

Затоа, треба да се одбегнуваат црн чај, кафе, алкохол и цигари. Напиток од капини за анемија – Овој напиток е богат со витамини и минерали и особено е ефикасен во борбата со анемијата која често ги погодува токму жените. Препорака е да се консумира по 100 мл дневно, половина час пред оброк, барем еден месец секојдневно.

Напитокот од капини освен железо содржи и други минерали, како и витамини Ц и Б, фолна киселина и пектин. Освен кај анемија, помага и кај проблеми со дигестивен систем, циркулација, регулација на притисок, имунитет. Цвекло за анемија – Цвеклото е богато со железо, а содржи и состојки кои помагаат во создавањето на витаминот Б12 – важен фактор пак за создавање на еритроцитите.

Црвената боја на цвеклото потекнува од антоцијаните, кои влијаат врз регенерацијата на организмот. Најдобро е цвеклото да се консумира сирово. Во сокот од цвекло може да се додаде и лажичка мед или да се комбинира со друго овошје и зеленчук (лимон, јаболка, морков, киви).

ЧАША ЗДРАВЈЕ – Искуство на Антонија Јукиќ: Со три дози мојата анемија исчезна, а овој напиток лекува и потешки болести. Фотографиите и рецептот се на Антонија Јукиќ – Сок од цвекло, морков, јаболка, лимон и мед. Ова е еден од старите рецепти за кои велат дека лекува многу болести и дека е многу здрав.

Она за што јас го користев е анемија. И навистина е одличен. После испиени три дози од овој сок, анемијата исчезна. Дозите ги испив без прекин. Велат дена не смее предолго и во преголеми количини да се пие овој сок, за да не предизвика хипервитаминоза. Не сум експерт, па не можам да дадам стручно мислење – вели Антонија во својата објава.

Потребни состојки: 500 г цвекло, 500 г морков, 500 г јаболка, сок од 2 лимони и 250 г мед. Постапка: Излупете ги горенаведените состојки и исцедете ги во соковник. Додадете лимонов сок и мед, па промешајте. Се пие наутро на гладно по една чаша. Сокот се чува во фрижидер на ладно, добро затворен. Од горенаведените состојки излегува околу еден литар сок, што е доволно за 5 дена.