Проја: вака ја прави мајка ми, а мене нејзината проја ми е најубава

Потребни состојки:

1 шолја пченкарно брашно

1 шолја брашно

1 шолја палента

1 шолја масло

Loading...

1 ½ шолја минерална вода

2 јајца

1 прашок за печиво

сол

Постапка:

Јајцата изматете ги со миксер, па додадете минерална вода и масло.

Промешајте ги двете брашна со палента, сол и прашок за печиво, да додадете ја смесата со јајца и добро промешајте.

Истурете во намастена и набрашнета тепсија, па печете во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути.

Loading...