Месо како под сач: вчера го пробав во рерна и излезе одлично! Топло ви го препорачувам

Потребни состојки:

1 кг месо по желба

неколку големи компири

1 голема главица кромид

2 големи моркови

4 чешниња лук

малку масло

100 мл бело вино

сол, црн пипер и вегета

10-тина листови свежа бела зелка

Постапка:

Месото ушпикувајте го со лук, добро протријте го со сол, по можност крупна, додадете и други зачини па полејте го со масло.

Компирот убаво измиен и исечкан надолжно, намастен и зачинет се реди на дното од некоја тава убаво што ви пече (од лиено железо или “кикирики” со капак).

Исчистениот морков исечете го на крупно, кромидот исто на крупни парчиња, па сето тоа потпикнете го меѓу компирот.

Врз компирот наредете го месото и залејте со вино.

Одозгора покријте со 2 реда листови од зелка. Поклопете, а ако немате капак покријте добро со 2-3 листови алуминиумска фолија.

Печете на 220 степени околу 2 часа.

Потоа извадете од рерна и отстранете го горниот слој поцрнети листови кои дехидрирале, но затоа пак нивниот сок навлегол во месото кое од тоа станува многу сочно и вкусно.

Вториот слој листови се совршено испечени и многу вкусни!

Послужете со салата и црно лепче.

coolinarika.com

Loading...