Home закуска Многу вкусна пченкарна пита…„Проја како проја, ама овој рецепт најмногу си го...

Многу вкусна пченкарна пита…„Проја како проја, ама овој рецепт најмногу си го сакам!“

Многу вкусна пченкарна пита…„Проја како проја, ама овој рецепт најмногу си го сакам!“ Фото и рецепт: Маријана Кузмановиќ

„Кој не правел проја, мора барем еднаш да проба, не може да згреши. Некој ја прави со 2 или 4 јајца, некој со газирана вода, со комбинации од интегрално, бело и пченкарно брашно…

Покрај сирење може да се стави и сечкано суво месо или спанаќ, навистина има безброј комбинации.“ Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

4 јајца
1 лажичка сол
4 шолји јогурт
2 шолји масло
4 шолји пленкарно брашно
2 шолји бело брашно
1 кесичка прашок за печиво
сирење по желба (околу 300-500 г)

Се мери со шолја од 200 мл. Може и да ги преполовите количините за помала тепсија.

Ако ја сакате потенка пројата тогаш користете поголем плех, а доколку ја сакате повисока, тогаш користете калап со средна големина.

Постапка:

Јајцата изматете ги со жица, додајте малку сол, па постепено додавајте ги маслото и јогуртот. Во друг сад измешајте ги двете брашна со прашокот за печиво.

Соединете ги сиите состојки со постепено додавање на сувите состојки во влажните. Додајте го и сирењето издробено на поситни и покрупни парчиња, и посолете по вкус доколку сметате дека сирењето не е доволно солено.

Добиената смеса излејте ја во подготвениот плех (обложен со хартија) и печете во претходно загреана рерна на 200 степени или додека да добие убава златна боја.

Фото и рецепт: Маријана Кузмановиќ