Проички со сирење и јогурт – меки како душа: Многу лесно се прават и сигурно ќе ви успеат.

Има многу рецепти за мали, солени мафини од пченкарно брашно, популарно наречени „проички“, но овој рецепт запишете си го, зашто е многу лесен и едноставен. Проичките се прават брзо, а многу се вкусни. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 1 лажичка сол, 200 мл јогурт, 100 мл масло, 6 лажици пченкарно брашно, 6 лажици пченично брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 200 г домашно сирење

ПОСТАПКА: Во подлабок сад додавајте ги состојките по редоследот како што се набројани состојките погоре и соединете ја смесата. Најпрво скршете ги јајцата во подлабок сад и рачно изматете ги со една лажичка сол.

Потоа додајте една чаша течен јогурт, промешајте па додајте половина чаша растително масло. Откако ќе ги изедначите течните состојки започнете да ги додавате сувите: белото и пченкатното брашно, како и една кесичка прашок за печиво.

Кога ќе добиете хомогена мазна смеса без грутчиња, додајте 200 г ситно сирење. Повторно промешајте за да се изедначи. Калапите премачкајте ги со масло и наполнете ги со смесата, но не сосем до врв, зашто при печењето тие ќе пораснат малку.

Ставете ги да се печат во загреана рерна 30 минути на 180°C. Печените проички оставете малку да подизладат, па внимателно извадете ги од калапите. Вкусни се топли или ладни, а можете да ги послужите како појадок или како закуска.

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „БРЗИ ПРОИЧКИ-Меки како сунѓер: Кога ќе ве изненадат мили гости, а немате многу време“ – ОВДЕ.

БРЗИ ПРОИЧКИ-Меки како сунѓер: Кога ќе ве изненадат мили гости, а немате многу време