Болката во ‘рбетот и зглобовите е еден од најчестите здравствени проблеми во модерното време. Начинот на живот и работните места кои вклучуваат многу време поминато во седење доведуваат до оваа непријатна болка.
Д-р Сергеј Бубновски е руски лекар специјализиран за кинезитерапија, а неговата работа најмногу се фокусира на лекување на проблеми со ‘рбетот и зглобовите. Главната идеја на неговата програма за закрепнување на мускулно-скелетниот систем е да спречи задржување, односно застој во протокот на кр-вта, а лекарот верува дека сè може да се излечи со кинезитераписки вежби.
„Енергетската блокада предизвикува болести, а болката е сигнал дека енергијата е блокирана со задржување на к-рв на одредено место во организмот. Затоа, проблемите со коските може да се излечат со вежби “, тврди д-р Бубновски.
Високиот кр-вен притисок не се третира само со таблети. Наместо тоа, сторете го ова: советува д-р Сергеј Бубновски. „Најлесно е да се проголта апче за притисок, но нема да се излечи хипертензијата, само ќе се намалат симптомите,“ вели лекарот.
Проф. д-р Сергеј Бубновски кој и самиот имал проблем со висок кр-вен притисок и успеал да го излекува, но не со лекови бидејќи тие не му помогнале. Туку со помош на сопствен систем на лекување, кој вклучува кинезитерапија, односно лекување со специјални движења на телото.
Со помош на неговиот систем на лекување, д-р Сергеј Бубновски ги кренал на нозе и безнадежните пациенти. Поучен од сопственото искуство, овој ценет доктор ве советува да се потпрете на резервите на сопственото тело. Тој смета дека е доволно да се направат неколку вежби наутро за лекување на сите болести.
”Штом некое лице се разболи, а тоа се случува околу четириесеттите години кога коските стануваат најкршливи и подложни на повреди, кардиолозите велат: време е за лекови.
Наместо да разберете зошто се појавила болеста, послушно одите во аптека и земате лекови кои спречуваат к оронарна срцева болест. Всушност, нема профилакса; болеста се влошува.
Бидејќи болката во градите е последица на лоша состојба на телото, а не причина. Неопходно е да се разбере што се случува со срцето, со кр-вните садови. Не сум видел здрави луѓе да излегуваат од здравствените центри. Ги гледам само „преживеаните“. Јас самиот едвај го поминав тој пат од инвалид до здрава личност преку свој кинезитераписки систем.
Парадоксот: најчесто децата кога се болни, лекарот ги ослободува од физичко образование! Поради некоја причина, се верува дека детето кое е во движење сигурно ќе се доразболи, а сепак дека ќе се опорави додека лежи во кревет.
Во случај на акутна болка, се применуваат ладни облоги за ублажување на отокот, што ја подобрува микроциркулацијата. Во овој случај е потребно да правите вежби кои ја испумпуваат оваа течност од зглобовите.
Ан гина пекторис е исто така воспаление кое настанува поради недоволна снабденост со кислород. И зад градната коска се чувствува болка. И наместо да правиме вежби, легнуваме и голтаме апчиња. Но, не сум видел ниту една личност да се ослободи од таквата болка пиејќи толку многу лекови.
Верувајте ми, нема да се разболите доколку редовно вежбате. Може само да се подмладите. Секојдневните „клекови“ (клекнувања, сквотови) ќе ви помогнат да го одржите вашето здравје.
Ако имате висок кр-вен притисок или друг кардиоваскуларен проблем, правете клекнувања, склекови итн. Ако правилно ги правите клекнувањата со грб потпрени на ѕид секој ден, многу проблеми ќе исчезнат. Ова е особено важно за оние кои долго седат пред компјутерските екрани.
Земете го ова по правило: ако седите еден час – направете 30 сквотови. И, би било убаво да се започнува секое утро со туширање, а при крајот да се полиете со ладна вода – 5 секунди. На овој начин се буди целото тело и ја дава енергијата потребна за целиот ден.
Вежба за болка во вратот
Застанете во положба на мачка – на четири нозе, бидете сигурни дека грбот е во исправена положба. Со секое вдишување виткајте го грбот кон подот, а со секое издишување, виткајте го грбот нагоре, а потоа полека вратете се во почетната положба. Повторете ја постапката 10-15 пати.
Внимавајте да не правите ненадејни движења на главата за време на вежбата, за да не се влоши состојбата. За болка во вратот, ќе ви помогнат и склекови со грб потпрен на ѕид.
Болки во долниот дел на грбот
Легнете на грб, ставете ги рацете под главата, свиткајте ги нозете во колена и притиснете ги стапалата на подот. Со длабоко издишување, полека повлечете ги рамената кон колената, кревајќи ги само главата и вратот, градите треба да останат статични.
Вратете се во почетна положба и направете 10-15 повторувања. Оваа вежба ќе помогне да се истегне долниот дел од ‘рбетот и да се подобри циркулацијата во горниот дел.
Болка во колковите
Легнете на грб, ставете ги рацете под главата, свиткајте ги нозете на колена и притиснете ги стапалата на подот. Со издишување, подигнете ја карлицата и направете полумост.
Вратете се во почетна положба и повторете ја вежбата 10-15 пати. Оваа вежба ќе ја забрза циркулацијата во областа на грбот и во мускулите на бутовите и задникот.
Д-р Бубновски вели дека неговите пациенти обично се луѓе кои работат во канцеларии, односно оние кои седат цел ден. Тој ги има следниве совети за нив:
Не седете премногу долго без пауза
Мускулната неподвижност доведува до блокада на вените, што може да биде причина за многу болести, од венска тромбоза до појава на хемороиди и болести во пределот на гени-талиите. По секои 45 минути седење, направете кратка пауза за да ги раздвижите сите мускули – одете по скали или движете се барем неколку минути.
Правилно држење на телото
Можете да се опуштите малку и да се „потпрете“ на потпирачот на столчето за кратко време, но во принцип, грбот треба да се држи исправен во секое време.
Лактите треба да бидат на масата
Додека пишувате на тастатурата, лактите не треба да бидат во воздухот, туку на масата, за да не ги оптоварувате рамената. Повремено треба да се ракувате со рацете и да направите вежба за вртење на рацете со стегнати тупаници.
Невидлива гимнастика
Ако не можете да станете од масата, сепак можете да ја поправите циркулацијата во долниот дел на грбот и карлицата: затегнете ги и опуштете ги мускулите на задни-кот 10-15 пати, стимулирајте скокање со нозете додека седите 10-15 пати (тресење на нозете што најчесто се поврзува со вознемиреност).
Опуштете го рамениот појас и ‘рбетот
Потпрете се на столот и свиткајте го ‘рбетот нанапред колку што можете повеќе и опуштете ги рацете покрај телото. При вежбата правилно и полека вдишувајте и издишувајте и опуштете ги мускулите, така што ефектот на вежбата е посилен.
Подетално за вежбите на Бубновски погледнете ги во видеото ОВДЕ. За да се ослободите од вдовичката (старечка) грпка за еден месец, по методот на д-р Сергеј Бубновски прочитајте ОВДЕ. За четириминутна вежба за ослободување од вратната грпка, прочитајте ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска