Овојпат почитуваниот доктор Марио Лабудовиќ открива еден рецепт за природно отстранување на влакненцата од лицето кој може да им користи на сите оние кои се алергични на препаратите кои се нудат на пазарот.




Докторот вели дека овој метод може да се применува за оние ситни несакани влакненца кои начесто се јавуваат на надусниците, а кои естетски им пречат на жените. Вакви влакненца може да јават и во пределот на лицето и на брадата.




„Овој рецепт е целосно природен и може да се применува на дневна основа“, вели д-р Марио. „За разлика од другите препарати кои се достапни на пазарот, овој е целосно природен и безбеден, а ќе ви овозможи ист ефект, односно отстранување на влакненцата.




ПРИРОДЕН РЕЦЕПТ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 белка, 1/2 лажичка пченкарно брашно, 1 лажичка шеќер. ПОСТАПКА: Земете белка од сирово јајце и изматете го со помош на виљушка.




Додајте половина лажичка пченкарно брашно и една лажичка шеќер, односно онолку колку што е потребно за да се добие еден вид на мазна паста (ова зависи од големината на јајцето).




Откако убаво ќе се изедначат состојките и ќе добиете „паста“, истата нанесете ја на зафатеното место со влакненца и оставете ја да делува 20-тина места, колку да се потсуши.




Потоа отстранете ја оваа паста со повлекување спротивно од правецот на растење на влакненцата (или вам како ви одговара) и исперете го местото со ладна вода. Исушете со тапкање на мека памучна крпа и нанесете хидрантен крем“, советува д-р Марио.




Доколку не сте успеале да ги опфатите сите влакненца одеднаш, сочувајте го остатокот од пастата што ви останал (во некое соодветно кутивче со капак, во фрижидер), па повторете ја постапката следниот ден.