Слезовата слуз е совршена за слузокожата. Официјалната медицина ја признава слезовата слуз како најдобро средство за обложување на слузокожата.

Слузта од слезот делува антивирусно, антибактериски, ги ублажува иритациите и го забрзува излекувањето.

Купечките капки се синтетски и немаат ништо подобар ефект од овој природен препарат. Освен тоа, на сите ви е познат оној непријатен и горчлив вкус кога синтетските капки ќе ви поминат низ грлото. Кај овој природен препарат го нема тоа чувство.

Кога капките од слез ќе ви поминат низ грлото, чувствувате само пријатен и слаткаст вкус. Многу поголемо е уживањето да се лекувате со природни лекови отколку со синтетички.

Додека ќе ги приготвувате овие капки за нос, ќе ве фасцинира преубавата боја на црниот слез. Прекрасната индиго боја, која подоцна оксидира, е навистина убава.

Може да користите и бел слез, сеедно, и црниот и белиот се лековити и се користат во овој рецепт, бидејќи ја содржат драгоцената слуз. Најдобро е да се користи мешавина кои ги содржат сите делови од билката: лист, стебленце и корен.

Потребни состојки:

100 мл дстилирана вода
1 лажица слез (мешавина корен, лист и стебленце)
3 капки етерично масло (на пр.бор, рузмарин, жалфија или евкалиптус)

Постапка:

Во 100 мл дестилирана вода потопете една лажица слез. Оставете 5-6 часови за да испушти што повеќе слуз. Добро процедете и прелијте во шишенце со капалка. Додадете 3 капки природно етерично масло.

Сите етерични масла како што се рузмарин, бор, жалфија, евкалиптус.. делуваат антивирусно и антибактериски. Освен тоа, го олеснуваат дишењето и придонесуваат кон лечење на дишниот систем.

При купување на етерично масло од аптека внимавајте тоа да биде оригинално. Исто така, пластичните дозерка за капнување се евтини и ги има во различни величини. Можете да ги купите во аптеки или продавници за медицински помагала.