Симптомите од гастритис ќе се ублажат веќе после неколку денови од започнувањето на примената на овој народен рецепт. Ова е најдобар природен лек за „киселина“ и чир на желудник. Ќе ви бидат потребни само три состојки: вода, брусница и мед. Желудникот ќе се регенерира за три дена, а искуствата на корисниците на овој напиток се сите позитивни.

Чајот од брусница е ефикасен природен лек за бактерии во желудникот. Најсилно дејство покажува кај хелико бактеријата (helicobacter pylori). Го спречува нењјзиното закачување на ѕидовите од слузокожата на желудникот и го ублажува воспалението. Ова е познат чај за здравје на желудникот и цревата.

Сувите брусници многу помагаат кога станува збор за уринарни и други инфекции на стомакот, помагаат во спречување на подуеноста на стомакот, а покрај тоа, овие бобинки се повеќекратно корисни. Меѓу другото, лекуваат инфекции предизвикани од ешерихија коли и хламидија.

Брусниците помгаат во ублажување на б олката во зглобовите и коските (ревма, артритис, гихт, остеопороза), поттикнуваат подобра работа на цревата, го олеснуваат варењето, го штитат срцето и целиот кардиоваскуларен систем, го подобруваат видот, го зајакнуваат имунитетот, спречуваат бактерии и вируси, превенираат од кариес…

СИМПТОМИ НА ГАСТРИТИС. Колкупати ви се случило да почувствувате подуеност и б олка во желудникот после јадење? Обично додека ја јадете вашата омилена храна е сè во ред. Но само неколку минути подоцна, чувствувате силна „киселина“ која ви го менува вкусот и почнувате да подригнувате.

Веднаш после јадењето чувствувате тегоби. Ова се типични симптоми на гастритисот, и токму вака се манифестира воспаление на слузокожата од желудникот. Доколку не се лекува навремено, оваа состојба може да доведе до сериозни компликации, меѓу кои е и чир на желудник (кој многу потешко се лекува од гастритисот).

Затоа, многу е важно да дејствувате превентивно и да спречите појава на вакви желудочни тегоби. Како прво, треба да ги избалансирате оброците, да јадете помалку кисела, а повеќе алкална храна, базирана на зеленчук и овошје. Одбегнувајте вештачки шеќери, бело брашно, печива, пржена хранаи особено индустриски преработени намирници.

Пијте доста течности, направете алкална вода со лимон и преземете ги сите неопходни мерки за да го смирите нервозниот стомак. Кога сето тоа ќе го испочитувате, тогаш овој природен лек за желудник може да биде од многу голема помош. Главна состојка на овој рецепт се сувите брусници, кои пожелно е да ги јадете секој ден.

Можете да ги користите во салати, овесни каши, смути, како вам ви одговара најмногу, меѓутоа двојно посилен ефект за здравје се постигнува со помош на овој напиток од три состојки. Во сувите брусници се наоѓаат големи количини од витамините Ц, Е, А и К, како и витамините Б5 и Б6. А од минерали, калциум, калиум магнезиум и железо.

ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА ЖЕЛУДНИК. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 супени лажици сува брусница, 1 лажица домашен квалитетен мед, 250 мл ладна вода. ПОСТАПКА: Во помало тенџере ставете две супени лажици сува брусница и прелијте со 250 мл ладна вода. Тенџерето ставете го на оган, а откако ќе зоврие, варете уште 3-5 минути.

Тргнете го садот од оган и поклопете го. Процедете го напиток после 15-20 минути и во течноста додајте полна лажица мед. Пијте го чајот додека сè уште е топол, бидејќи тогаш е најделотворен. Овој природен лек за желудник се пие седум дена континуирано, двапати дневно, наутро и навечер пред оброк. Откако ќе го испиете чајот, треба да ги изедете сварените брусници.