Природен лек за замастен црн дроб, болни црева, подуеност, циркулација и имунитет

Потребни состојки:

300 г свеж ѓумбиров корен

100 г поленов прав (смелен)

500 г квалитетен мед

Постапка:

Кога ќе купувате ѓумбир внимавајте коренот да биде свеж и да не е премногу дехидриран. Убаво измијте го, излупете го со грепкање со помош на лажичка, а потоа изрендајте го или исечкајте го ситно.

Поленовиот прав доколку го купите во гранули – сомелете го.

Измешајте ги состојките, ставете ги во поголема тегла со широко грло и постепено додавајте го медот со мешање. Откако ќе се изедначи смесата, теглата добро затворете ја и обвиткајте ја со алуминиумска фолија.

Лекот чувајте го во фрижидер. Оставете да зрее два-три дена за да може да се спојат состојките со ѓумбировиот сок. Пред употреба промешајте.

Консумирајте по една супена лажица наутро и навечер. Има специфичен малку лут вкус што го дава ѓумбирот. Загрева, ја подобрува циркулацијата и за кратко време ги лекува цревните проблеми. За маснотии во крвта и замастен црн дроб користете ја целата доза, а за потешки болести – направете ја уште еднаш. За имунитет консумирајте цела зима.

ПОЛЕНОВ ПРАВ

Поленот (цветен прав) е чист и природен производ на пчелите, силен енергетик кој помага во ревитализирање и регенерирање на организмот.

Поленот содржи раскошна природна комбинација на минерали и витамини, во кои спаѓаат калциум, магнезиум, манган, калиум, цинк, рибофлавин (Б2), тиамин (Б1), витамин А, Б6, Ц, Д, Е, К, провитамин Д и 12 видови на незаситени масни киселини, протеини и антиоскиданси.

Помага:

– Во зајакнување на имуниот систем;

– Кај слабокрвност;

– За подобрување на менталната функција на организмот;

– Кај проблеми со нервниот систем;

– Врз обновата на цревната флора;

– За заштита на црниот дроб;

– За подобрување на квалитетот на кожата, косата и ноктите.

СВЕЖ ЃУМБИР

Свежиот ѓумбир помага при намалување на високиот холестерол и во борбата против одредени стомачни бактерии, кои се сметаат одговорни за создавање на стомачен чир.

Истовремено, ја намалува подуеноста на стомакот и ја олеснува тензијата предизвикана од непријатни стомачни гасови. Позитивно влијае на обновување на цревната флора, има лаксативен ефект и ја регулира нередовната столица.

Ја ублажува мигрената и ја смирува главоболката.

Да се потсетиме За Лековито дејство на медот:

1. Пред сѐ претставува извор на енергија бидејќи е лесно се вари и се препорачува кај спортисти, ја зголемува издржливоста, а го намалува заморот на мускулите.

2. Медот е одличен антиоксиданс. Трудниците кои во текот на својата бременост конзумирале мед раѓале поздрави и повитални деца. Кај малите деца се препорачува мед по втората година.

3. Ги олеснува симптомите на грип и настинка, болестите на респираторниот систем, како што се синуси и воспаление на грлото. 

4. Врз раните има дејство на антисептик, ја намалува болката, а исто така го извлекува отровот при убоди на инсекти.

5. Ако се изгорите веднаш нанесете веднаш мед. Така ќе спречите да се создаде меур, а кожата ќе ви зарасне без лузни. 

6. Облози од мед помагаат при кожни проблеми, како што е испукана кожа, осипи, јадеж.

7. Медот помага и при тврда столица, гастритис, чир на желудникот

8. Го подигнува нивото на железо и ги намалува маснотиите во крвта

9. Го прочистува телото 

10. Познато е неговото благотворно дејство кај проблеми со очите, коњуктивит и др.

Loading...