Здраво, јас сум Мелодија. Сега, кога сум мајка и кога дојам, мора да бидам многу внимателна со она што го внесувам во моето тело, затоа што сè ќе земам јас, го зема и моето дете преку моето млеко. Па така на пример, дознав дека сите лекови кои се користат за настинка, па дури и чајот од жалфија, може да го намали млекото.

NMD.mk




Порано секогаш пиев чај од жалфија и го користев како лек на првите симптоми од настинка, а користев и аналгетици против настинка со брзо дејство, и тоа без размислување, бидејќи навистина ми помгаа, но сега пред да земам што било, прво ја читам етикетата, и речиси на секој производ пишува „ако сте бремени или доите, јавете се на лекар“. И тоа го правам.

NMD.mk




Така се случи да дознаам за несаканите дејства. Пред извесно време почувствував изнемоштеност, и осеќав дека се разболувам. Помислив дека комбинацијата од неспиење ( веќе четири месеци откако се породив не спијам редовно и квалитетно како порано) и умор, многу го ослабнаа мојот имунолошки систем.

NMD.mk




И таа една ноќ посегнав по кесичката „брз аналгетик“ за да си го приготвам напитокот кој ќе ме поткрене. Меѓутоа, за среќа, го прочитав текстот со мали букви кој ме стави на размислување и поради него ја вратив кесичката во фијока. Следното утро веднаш му се јавив на нашиот педијатар.

NMD.mk




Тој ми објасни дека ова средство за настинки кое јас сакав да го испијам, содржи три состојки, од кои две се во ред, но третата предизвикува намалување на млекото. Иако засега имам добра „залиха“ на млеко, никогаш не би сакала да ризикувам со оваа работа.

NMD.mk




Затоа, после конcyлтацијата со лекарот, одлучив малку повеќе да ја истражам природната медицина и да си направам себеси безбеден лек со кој ќе ја спречам настинката и ќе го зајакнам мојот имунитет. Па, доколку сте во слична состојба како мојата, испробајте ги следните природни лекови кои мене лично многу ми помогнаа:

NMD.mk




МЕД, ЛИМОН И ЛУК. Овој едноставен природен лек (и всушност, доста вкусен) помага да го „наполните“ вашиот имунолошки систем. Земете од овој лек еднаш или двапати во денот, при првите симптоми за настинка, кога чувствувате малаксаност и осеќате дека ќе се разболите.

NMD.mk




РЕЦЕПТ: Пресечете еден лимон на половина, а секоја половина засечете ја дијагонално на четвртини, но не до крај. Потоа во средишниот дел набоцкајте ситно сечкани 2-3 чешниња лук и прелијте со 1 лажичка мед. Лимоните ставете ги во чаши за јајце или шолја за кафе.

NMD.mk




Завиткајте ги во проѕирна фолија и оставете ги во фрижидер да преноќат. Следниот излупете го лимонот и содржината изблендирајте ја додека да добиете каша. Испијте го со чаша млака вода. Ова е оригиналниот начин на приготвување, но ако ви е полесно можете веднаш сите состојки да ги сомелите и по неколку часа да ја користите смесата. Ако лимонот е органски, тогаш користете ја и кората, таа е најздрава.

NMD.mk




ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ: Измивајте ја носната шуплина и устата со солена вода. За оваа намена има специјални уредчиња кои лесно се користат и темелно го мијат носот. Ако немате ваков уред, едноставно користете спреј Ова ја разредува слузта и го олеснува исфрлањето, но и врши дезинфекција.

NMD.mk




Исто така, правете и гаргара со солена вода во времетраење од 30 секунди. Потоа оваа вода исплукајте ја, не ја голтајте. Растворот се приготвува од една лажичка сол во мала чаша млака вода. Потоа, може да се прават инхалации, и многу е важно да се пие многу вода. Најдобра е топлата вода со мед која го ублажува воспаленото грло.

NMD.mk