Сосем природен лек за третирање на варикозни вени и уморни, болни нозе

Додека некои сметаат дека зелениот домат е отровен, други го користат за приготвување на зимница.

Зелен домат за варикозни вени

Малку помалку е познато дека зелениот домат се употребува надворешно за лекување на вени.

Постојат бројни природни лекови за проширени вени, но сите не делуваат подеднакво исто кај сите луѓе. Рецептот за приготвување на овој лек од зелени домати за варикозни вени потекнува од руската народна медицина.

Зелен домат за варикозни вени

КАКО СЕ КОРИСТИ ЗЕЛЕНИОТ ДОМАТ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ВЕНИ

Ова е многу едноставен домашен лек. Прво добро се мие доматот, не смее да биде валкан, а потоа се сече на тенки тркалца. Потоа се распоредува на проблематичните места, каде проширените вени се видливи, каде има јазли и испукани капилари.

Се фиксира со завој за да може да остане доматот залепен за кожата. Се остава да делува онолку долго, додека повеќе не може да се поднесе пецкањето. Кога ќе го отстраните доматот, кожата се измива со ладна вода.

Зелен домат за варикозни вени

Оваа постапка треба да се повторува повеќе пати на ден, можеби ви се чини напорно, но се препорачува повторување и до 5 пати дневно.

Ако правилно и редовно се повторува постапката, може многу брзо да се видат резултатите. 

После 14 дена секојдневна правилна примена, се очекуваат позитивни промени. Мрежата од капилари видливо избледува, се намалуваат јазлите и отоците, а болката исчезнува.

И ЦРВЕНИОТ ДОМАТ СЕ УПОТРЕБУВА ЗА ВЕНИ

Црвениот домат се користи многу слично како и зелениот. Исто така се сечат тркалца и се ставаат на вените, па се фиксира со завој. Црвениот домат може да стои подолго па затоа се остава да делува преку цела ноќ. Должината на третманот е индивидуална.

КАКО ДЕЛУВА ДОМАТОТ НА ВЕНИТЕ?

Доматот во себе содржи киселини, кои делуваат како антиоагуланси, што значи дека го спречуваат згрутчувањето на крвта. Освен тоа, доматот има својство да ги јакне ѕидовите на крвните садови.

Кој има проширени вени може да ја проба оваа постапка, особено во текот на летно време, кога има свежи зелени и црвени домати.

ДАЛИ ЗЕЛЕНИОТ ДОМАТ Е ОТРОВЕН ЗА ЈАДЕЊЕ

Зелениот домат, како и стеблото и листовите содржат алкалоид соланин. Истиот тој алкалоид може да се најде во зелениот компир кој не е дозреан. Затоа зелениот домат не се препорачува за исхрана во свежа состојба.

Зелен домат за варикозни вени

Може да се користат некои рецепти каде зелениот домат е термички обработен. 

Меѓутоа, на наше поднебје луѓето го сакаат зелениот домат за зимница, па никој се’ уште не се отрул, зошто најверојатно треба да се изеде многу голема количина за да дојде до труење.

Од друга страна постојат и алкалоиди во доматот кои се викаат томатин за кои се смета дека се безбедни. Според овие извори, тие не се апсорбираат во организмот, па дури се и корисни, бидејќи го врзуваат холестеролот и помагаат мастите да се исфрлат од организмот.

Зелен домат за варикозни вени