Доволно е само еднаш во животот да почувствувате болка во коленото и веднаш ќе ви биде јасно колку е сериозна таа состојба. Болките во коленото можат да бидат многу силни така што често не може сами да ја одредите точната локализација на болката.

Болките во коленото може да траат со недели, денови, па дури и месеци, а доколку не реагирате навреме болката се влошува. Најчесто болките во колено се многу непријатни и го намалуваат квалитетот на животот, така што ја намалуваат подвижноста, а некогаш се случува да не можете да изодите од една во друга соба.

Болката може да се јави при одење, стоење во место, седење, лежење, значително во секоја положба. Овој симптом може да укажува на разни патолошки состојби во коленото и повреда на хијалината ‘рскавица. Најчесто дијагнозата може да биде артритис.

Коленото ја носи речиси целата тежина од телото така што е под постојан притисок и само лесно неправилно движење може да ги повреди менискусите кои се наоѓаат во него. Најчестите повреди кај повозрасните лица се локализираат на ‘рскавицата, а кај спортистите на менискусите.

Болката може да се појави од задната страна на коленото, директно на ‘рскавицата, но најголемиот проблем настанува доколку болката во коленото е постојана. При состојба на ревматоиден артритис освен болка, се јавува и крцкање на местото на болката. Единствено решение за лекување на оваа состојба е кинезитерапијата, намалување на телесната тежина и промена на животниот стил.

Болката пропратена со оток најчесто се симптоми на повреда на менискусот. Секако, како што напоменавме претходно, овие повреди најчесто настануваат кај спортистите. Најчесто отокот се лекува со облоги, а кога ќе се намали и болката најчесто исчезнува. Во некои случаи за лекување на оваа состојба е потребна хируршка интервенција, а лекувањето трае околу 2 недели.

Доколку болката се јавува при симнување или качување по скали, тогаш најверојатно станува збор за воспаление на околните припои на зглобот. Оваа состојба се лекува со физикална терапија и поставување на чести облоги.

Ако болката се јавува под чашката на коленото, а болката почнува од долниот дел на грбот, најверојатно станува збор за преоптоварување на зглобот. Оваа состојба е многу честа кај оние кои практикуваат трчање како спорт. Потребно е да одморате и поставувате чести облоги во пределот на коленото.

Вежби за коленото кои ја намалуваат болката

Легнете на грб на цврста подлога, а рацете поставете ги покрај телото. Нозете кренете ги во вис и започнете да правите движење како да возите велосипед. Овие вежби се препорачуваат доколку имате болка во коленото за време на трчање, пешачење, качување и симнување по скали или која било друга активност која го оптеретува коленото.

Доколку болката не изминува по третманот, може да користите и бастуни специјализирани за овие болки, кои ќе ви помогнат да ја одржите стабилноста на телото, а истовремено да не го оптеретувате болното колено. Најчесто овие бастуни ги користат планинарите и без да имаат болки во коленото, за да не предизвикаат дополнително оптоварување.

Природни лекови за болки во коленото

Потребни состојки: 50 мл маслиново масло, 1 полна лажичка чили зачин.

Постапка: Во стаклена мала тегла со капак, ставете го маслиновото масло, а потоа додајте една полна лажичка чили. Чили зачинот е одличен природен лек за болните зглобови. Измашајте ги добро состојките, затворете ја теглата и ставете ја во тенџере на рингла наполнето со топла вода.

Оставете водата да зоврие, а потоа е потребно да отстои уште половина час во водата која врие. Бидете внимателни за теглата да не се распука, па за таа намена користете порцеланско стакло кое може да издржи висока температура (или поставете крпи).

Добиената течност потребно е да ја чувате во истата тегла на топло место, со повремено протресување. Лекот треба да се искористи во наредните три недели. Натопете памучна крпа или газа со ова чили масло и користете двапати дневно во период од 2 дена. Потоа направете пауза од 2 недели.

Чај од коњско опавче

Чајот од коњско опавче се користи за зајакнување на имунитетот уште од дамнешни времиња, а воедно и како ефикасен лек за намалување на болката во зглобовите. Во 200 мл зовриена вода додајте една полна лажичка чај од коњско опавче.

Гответе уште малку на оган, а потоа поклопете и оставете да отстои уште 10 минути. Натопете ја газата или крпата со овој чај и ставете на болното место. Овие облоги менувајте ги двапати дневно.

Гавез 

Гавезот е еден од најлековитите билки на планетата. Со сигурност ќе ја намали болката во коленото, но и другите зглобови, а се верува и дека во влече воспалението. Лекот е многу едноставен за подготвување. Во 200 мл млеко додајте 20 г гавез. Оставете млекото да зоврие, а потоа гответе уште 10 минути заедно со гавезот со повремено мешање.

На овој начин, гавезот ќе ги испушти своите лековити својства, а по 10 минути ќе се формира лековит гел. Овој гел директно ставете го на болното место и фиксирајте со пластична фолија. Оставете гелот да делува преку цела вечер.

Сок од зелка за болка во коленото

Исечкајте ја зелката на колку можете поситни парчиња. Колку е поситно исечкана, зелката повеќе ги испушта лековитите сокови кои ги содржи. Зелката е богата со витамин Ц, А и бројни антиоксиданси. Процедете го сокот и направете облога која ќе ја ставите директно на болниот зглоб. Зацврстете со пластична фолија, а облогата менувајте ја двапати дневно.

Забелешка: Овие природни лекови со сигурност ги намалуваат симптомите на болното колено, но мора да се напомене дека не можат во целост да излечат некои тешки состојби. За тоа е потребно физикална терапија. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска