Зголемено опаѓање на косата е забележано кај многу пациенти по прележување на новиот вирус. Ако сте еден од нив, не треба да пани чите: секое системско нару-шено здравје доведува до овој проблем поради физиолошкиот с  трес што го доживува телото кога се справува со болеста, но како и за секој проблем има решение.

За некои, овој процес е помалку изразен, поединците не го ни забележуваат, а за некои повеќе – се жалат дека изгу-биле цели грутки коса. За среќа, околу половина година по инфек-цијата, ситуацијата почнува да се стабилизира, новата коса почнува да расте е пораката на д-р Александар Адамовиќ, дерматовенеролог.

„Истражувањата укажуваат на тоа дека опаѓањето на косата е најзабележително три месеци по инфекцијата со вирусот, а пациентите велат дека губат 200 до 300 влакна на ден, наспроти вообичаеното губење на околу 100 влакна.

Прераспределбата на работата во организмот, која е насочена кон бор-ба против вирусот, е причината за оваа појава. Косата преку кр-вта е ли-шена од хранливи материи. Ова го прекинува циклусот на раст на косата, кој преминува во опаѓачки”.

Припадничките на понежниот пол би сакале што побргу да ја повратат бујноста, сјајот и мекоста на косата, да направат нешто веднаш, бидејќи косата е симбол на женственост и убавина.

„Разновидната и здрава исхрана е најдобриот начин за поттикнување на обновување на косата, така што нема потреба од посебни третмани. Додатоци на витамин и лосиони треба да се користат за стимулирање на раст на косата, тие ќе бидат препорачани од дерматолог во секој конкретен случај.”

Покрај здравата исхрана, потребно е да се провери и кр-вта во лабораторија – недостаток на железо и витамин Д може да предизвика и да ја продолжи оваа состојба.

„Се случува фоликулот на косата трајно да се промени, па опаѓањето на косата станува хронично. И некои лекови можат да влијаат на опаѓање на косата.“

Џорџ Нортвуд, кој е задолжен за стилизирање на косата на Меган Маркл да изгледа феноменално во секое време, открива кои 4 чекори се клучни кога станува збор за нега на косата.

Соодветната грижа е особено важна во летните месеци, бидејќи во овој период е изложена на ште-тните УВ зраци и други надворешни фактори. Сето тоа ја прави косата крш-лива и го губи сјајот. Ако ги следите овие 4 правила, вашата коса ќе изгледа добро негувана во секое време:

Избегнувајте рамно фенирање

„Лично, јас секогаш сум порелаксирана доколку косата ми е виткана. Кога косата е виткана, изгледа поубаво, сјајно и поздраво. Сите недостатоци може да се видат на целосно рамна коса, па затоа благите бранови се многу подобро решение.”

Користете сув шампон за вашата коса да изгледа со голем волумен

Сувиот шампон е одличен за оние жени кои имаат тенка коса. Сувиот шампон и дава текстура на косата и ја прави визуелно побујна. Џорџ нагласува дека со овој производ не треба да се претерува, бидејќи може да ја исуши косата. Користете го овој трик во посебни прилики.

Избегнувајте употреба на пегла за коса колку што можете повеќе. Правата коса може да создаде безживотен изглед.

Користете маски за коса што е можно почесто

„Редовната употреба на негување со маски за коса ќе ја оживее косата и ќе го врати нејзиниот сјај. Се препорачува да се користат еднаш неделно, а најдобро би било да содржат арганово масло.“

За да се ублажи губитокот на коса и да се придонесе за нејзина убавина, ви го препорачуваме овој шампон. Едноставно се приготвува, а ефикасен е 100%. После неколку миења на косата ќе забележите дека помалку ќе опаѓа, ќе биде посилна и посјајна а само после еден-два месеци редовна употреба ќе забележите нови влакна и поголем волумен.

Потребни состојки: Шампон од коприва (обичен, литарски), Пантенол 100 мл (воден раствор), Капки од коприва 30 мл (едно шишенце), АД капки, 30 мл воден раствор (едно шишенце), Рицинусово масло 50 мл, 2 ампули витамин Б. Сите состојки можете да ги набавите од аптека.

Подготовка: Во 750 мл шампон од коприва измешајте цело шишенце пантенол 100 мл, цело шишенце капки од коприва 30 мл, цело шишенце АД капки и рицинусово масло. Промешајте.

Овој шампон е вистинска витаминска бом-ба за скалпот, а со самото тоа и за вашата коса. Лековито дејство на копривата: Ја забрзува периферната циркулација и исхранетоста на кожата од главата и ги забрзува метаболитичките процеси во внатрешноста на епидермисот.

Лековито дејство на пантенол: Пантотенската киселина (витамин Б5) делува врз сочувувањето на правилната функција на кожата на главата и стимулација на нејзините регенеративни процеси.

Лековито дејтво на рицинисувото масло: Ги јакне кутикулите на влакното. Богато е со витамин Е и рицинолеинска киселина. Витаминот Е е значаен антиоксиданс и го спречува дејството на слободните радикали и нивните штет-ни влијанија на кожата од главата и коренот на косата.

Рицинусот покрај регенеративните својства делува антифугицидно (уни-штува габички кои се одговорни за појава на првут). На кожата од скалпот делува заштитно, смирувачки и закрепнувачки, додека со својата густа и леплива конзистенција ги отстранува изумре-ните клетки од кожата на главата.

На тој начин всушност се спречува и затнување на фоликулите што би влијаело врз успорен раст. Лековито дејство на АД капките: Витаминот А делува на различни физиолошки функции во човековиот организам, она што е значајно за косата е неговото регенеративно дејство врз скалпот на главата, т.е. диференцијација на епителното ткиво. Лековито дејство на Б комплекс: Ја исхранува косата и ја враќа цврстината на влакното.

Шампон и маска од пантенол за нега на лице и коса се веројатно најевтините, најприфатливите, но и најефикасните препарати кога станува збор за домашна нега.
Овој домашен шампон ќе ви помогне ако имате проблем со лупење на скалпот, мрсна коса, а маската за лице ќе ви помогне за оштетена кожа, дамки на лицето, брчки и лузни.

Пантенол е ал-кохолен аналог од пантотенска киселина. Богат е со витамин Б5, поради што се нарекува и провитамин Б5. Најчесто се користи во козметиката и како таков може да се најде под името провитамин Б5, бепантен, декспантенол.

Пантенолот содржи пантотенска киселина, која е една од најважните компоненти на коензимот А, кој е главен за метаболизмот на клетките. Поради поволните својства, пантенолот може да се најде во скоро сите козметички препарати.

Често е состојка во шампоните и балсамите за коса, како и во многу производи за нега на кожата, бидејќи има хидратантно дејство врз кожата. Исто така, често се наоѓа во фарбите за коса, средствата за чистење на лице и гелови за миење.

ќе бидете презадоволни од изгледот на вашата коса

Ова е необично соединение кое е потполно безбедно за луѓето и нивната околина.

Декспантенолот, кој е дел од пантенолот, се трансформира во пантотенска киселина во човечкото тело. Многу е погоден за мукозната мембрана и скалпот, а со тоа го зајакнува коренот и го забрзува растот на косата.

Пантенолот ја стимулира поделбата на епидермалните клетки и ги поддржува природните процеси на регенерација на кожата. Растворот на пантенол и дава оптимална влага на кожата и ја враќа природна pH средина.

Пантенолот може да се нанесува во скалпот навечер пред спиење со нежна масажа, а може да се нанесе и по целата должина на косата. Пантенолот е одличен во комбинација со други производи. Во комбинација со рицинусовото масло, дава одлични резултати.

Времетраењето на држењето на пантенолот на скалпот не е ограничен, колку подолго се држи, толку подобар ќе биде ефектот врз косата. Најдобро е маслото и растворот да отстојат преку цела ноќ, а косата да се исплакне наутро.

Пантенолот може да се користи на косата онолку колку што сакате и кога сакате. Нема ограничувања во употреба, но секако не треба да претерувате во ништо. Многу е важно да знаете како да складирате раствор на пантенол.

Повеќето луѓе мислат дека е подобро да се прелива во шише со спреј, но тоа е неправилно. Растворот на пантенол треба да се чува во оригиналното стаклено шише. Многу е важно да се користи само 30 дена по отворањето на шишето. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска