Ако грипот и настинката не поминат за брзо време и повторно се враќаат што е потребно околу 10 дена стpoго мирување, намалениот имунитет е идеална основа за развој на бактерии и вируси.

Постојаната кашлица е карактеристичен симптом на бактериска или вирусна инфекција на oргaнитe за дишење, кои се придружени со густ секрет насобран во грлото, синусите и белите дробови, залепен на ѕидовите на нашите бронхии и е многу тешко да се исфрли.

НЕКОЛКУ КОРИСНИ СОВЕТИ

Откријте ги најдобрите чаеви, сирупи и други природни лекови за искашлување на слузта кај деца и возрасни, кои лесно можете да ги направите дома.

Рецепти за природни лекови

Ако имате насобрана слуз во грлото и белите дробови, фитотерапевтите препорачуваат билни пијалаци кои поттикнуваат исфрлање на слузта и ја ублажуваат постојана кашлица. За да се елиминира густиот и акумулиран секрет, се користат лековити билки како корен од бел слез, жалфија, ловор и црна ротквица.

Сируп за возрасни рецепт

Ставете 1 супена лажица сечкан корен од бел слез во 200 мл ладна вода и оставете да отстои поклопено 6 до 8 часа, па процедете го и испијте го во мали голтки. Пијте вака подготвен чај за искашлување на слузта, до двапати на ден, без шеќер, а резултатите нема да изостанат.

корен од бел слез

Бел слез, ленено семе и жалфија за исфрлање на слузта кај деца

Белиот слез во комбинација со ленено семе и жалфија се покажал како исклучително ефикасен природен лек за подобра екскреција на слузта кај деца и возрасни. Измешајте лажица корен од бел слез, лажица ленено семе и лажица сува жалфија.

Прелијте ги билките со 250 мл вода во тенџере, а потоа додајте 100 г кафен шеќер. Кога шеќерот ќе се раствори, додајте еден лимон добро измиен и исечен на парчиња. Варете на умерена температура 15 минути, а потоа тргнете од оган и процедете. Кон-сумирајте лажичка сируп 4 пати на ден додека да почувствувате подобрување. Сирупот за екскреција на слуз најдобро е да се чува во фрижидер.

Ротквица и црвен кромид

Ставете во блендер 250 мл сок од лимон, една полна чаша мед, еден црвен кромид со средна големина исечен на парчиња, шест чешниња лук и една голема црна ротквица, излупена и исечкана на парчиња.

Блендирајте додека да се добие хомогена смеса. Потоа претурете го напитокот во стаклена тегла и чувајте го во фрижидер и оставете да отстои една недела. По изминатото време, започнете со кон-сумирање на овој сируп за кашлица трипати на ден, по една лажица, 30 минути пред главните дневни оброци.

Сируп од пиво од кафен шеќер за искашлување на слузта од грлото

Во поголема чинија, истурете 150 г кафен шеќер и загревајте го на умерена температура додека да се стопи и добие карамелна боја, а потоа додајте 500 мл пиво и варете 20 минути додека да добиете сируп со густина малку поретка од медот.

Тргнете го тенџерето од рингла и поклопете го да се излади, а потоа прелијте го сирупот во соодветна стаклена тегла и чувајте во фрижидер. Кон-сумирајте по 1 супена лажица трипати на ден пред главните оброци.

Природен лек за искашлување на слузта кај деца

Едно од решенијата за отстранување на слузта кај децата е благ чај од липа. Ако го користите неколку дена, ќе ја ублажите кашлицата и ќе го забрзате исфрлањето на акумулираниот секрет.

Овој чај за екскреција го поттикнува и потењето, што е важно во случај на грип, настинка или вирусна инфекција. Секогаш се пие додека е уште топло наутро и навечер, а се подготвува многу едноставно:

Две мали лажици цвеќиња од липа се ставаат во 500 мл зовриена вода, а потоа се оставаат да отстојат 20 минути, по што се цеди добро. Засладете го чајот со квалитетен мед, додајте сок од лимон и кон-сумирајте по една лажичка секој пат кога ќе почувствувате иритирачка кашлица.

сируп од липа

Отстранување на слузта од белите дробови со помош на ловоров лист

Растопете 250 г кафен шеќер на умерена температура додека да се карамелизира, но внимавајте да не го изгорите. Потоа додајте 250 мл вода, 3 лажички жалфија и 3 мелени ловорови лисја. Кога ќе зоврие водата, варете уште 3 минути, а потоа тргнете од шпоретот и оставете го поклопено да се излади.

Да се ​​чува во стаклено шише, на ладно и темно место. Кон-сумирајте го овој напиток 3-4 пати на ден кога ќе се појави на-пад на кашлица. Редовно кон-сумирајте го по потреба додека да се исфрли слузта од белите дробови.

Како да се олесни упорната кашлица – рецепт

Истурете три лажици ленено семе и 500 мл вода во емајлиран сад, а потоа варете на умерена температура 10 минути. Потоа додајте 1 лажица сува мајчина душица, и оставете поклопено уште 20 минути. Процедете и пијте голтка по голтка загреан чај неколку пати во текот на денот. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска