Природен лек за холестерол и триглицериди: Само 3 состојки! Направете го еден од најдобрите природни лекови за холестерол и триглицериди. Исчистете ги крвните садови за само пет дена на природен начин. Потребни се само три состојки: ловоров лист, лимон и мед!

Како да го намалите холестеролот и триглицеридите на природен начин? Доволно е да се испие една чаша лековит напиток пред спиење. Оваа терапија правете ја пет ноќи по ред, а резултатите нема да изостанат. Еве што ви е потребно:

Состојки за тинктура

– 8 големи ловорови листови
– 300 мл вода

Состојки за напитокот:

– 150 мл вода
– 3 полни лажици тинктура од ловоров лист
– половина лимон
– 1 лажица мед

Подготовка на тинктура: исечкајте ги ловоровите листови и ставете ги во топла тегла, а потоа прелијте ги со 300 мл зовриена вода. Затворете го капакот, та теглата ставете ја во тенџере обложено со крпа на дното.

Долијте вода до 2/3 од теглата и вклучете да зоврие. Штом зоврие намалете ја температурата на најниско и оставете така следниот еден час. После еден час вклучете пак на најсилно да се загрее (еден клуч) и тргнете го настрана.

Внимателно извадете ја жешката тегла со ракавица и оставете ја да се лади најмалку 2 часа. Потоа процедете ја течноста во друга чиста тегла и тинктурата чувајте ја во фрижидер.

Подготовка на лековиот напиток- 5 вечери по ред: во 150 мл вода сипете 3 супени лажици тинктура од ловоров лист, малку лимонов сок и една лажица мед. Добро промешајте пред да го испиете.

Не заборавајте на контраиндикации доколку сте осетливи на некоја од состојките и да се советувате со вашиот лекар.

Ловоровиот лист како лек за холестерол

Ова добро познато лековито растение се користи уште од античко време во традиционалната медицина. Чајот од ловоров лист е особено ценет против кашлица и настинка.

Освен тоа, студиите покажале дека ловоровиот лист е добар за намалување на холестеролот, а е совршен природен лек за чистење на крвните садови.

Ловоровиот лист содржи полифеноли и танини, кои се познати како многу моќни антиоксиданси, па затоа, ловоровиот лист е добар сојузник во борбата за зачувување на крвните садови.

Од витамините, ловоровиот лист содржи витамин А кој ги штити клеточните мембрани и ги зајакнува ткивата, како и витамин Ц кој ги уништува слободните радикали кои му штетат на организмот.

Ловоровите листови содржат и голем број на минерали, како што се: натриум, калиум, железо и магнезиум. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.