Многу години готвам по нарачка.. А ова е највкусната торта што најчесто ја бараат! Брз колач за секој ден! Мора да признам дека според состојките и едноставноста на приготвување, ниту јас не сум јадела поубава торта од оваа. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Тесто:
3 јајца .
1 прстофат сол
180 г шеќер
250 мл кефир/јогурт + 0,5 лажиче содабикарбона (се активира во кефирот)
100 мл растително масло
250 г брашно
3 супени лажици какао во прав
1 мала лажичка прашок за печиво

за фил:

Фил:
400 мл крем/крем сирење или изматена слатка павлака
1/2 конзерва слатко кондензирано млеко (180 г) или може замена нутела или друг сладок намаз

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад скршете три јајца, додајте прстофат сол и пенасто изматете со миксер. Потоа додајте го шеќерот и продолжете со матење додека целосно да се растопи и да добиете кремаста смеса со зголемен волумен.

Во кефирот сипете половина лажичка сода бикарбона, промешајте и сипете го во изматените јајца. Додајте го маслото и кратко изматете со миксерот.

Просејте ги и помешајте ги сувите состојки: брашно, какао и прашок за печиво, па започнете малку по малку да додавате во течната мешавина. Мешајте со рачна маталка.

На крај треба да добиете убава хомогена, мазна смеса. Поделете ја на три еднакви дела за да добиете три кори.

Распоредете во плех врз хартија за печење и ставете во загреана рерна на 180 степени да се пече 8-10 минути. Постапката повторете ја и со другите две теста. Вкупно за печењето ќе потрошите 30 минути.

Корите се тенки и затоа кратко се печат. Внимавајте на времето за да не ги препечите и проверете со чепкалка. Оставете ги да се ладат, а потоа отстранете им ја хартијата.

Отсечете им ги краевите за да бидат сите еднакви, со рамни страни. Остатоците сомелете ги во трошки и употребете ги за декорација. Изматете го филот и започнете со редење на корите и да филувате.

РЕДЕЊЕ: кора, фил, кора, фил, кора, фил. Прекријте ја цела торта со филот и декорирајте со трошките. Тортата оладете ја најмалку 2 часа во фрижидер пред послужување. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.