Речиси секој втор човек има некакви тегоби со желудникот. Некои се жалат на често подждригнување, други дека ги измачуваат киселини, трети дека имаат б олка, печење или жарење во пределот на желудникот, некои, пак, велат дека имаат чувство на надуеност во стомакот. Сепак, сите овие проблеми се препишуваат на с тресот како најголем предизвикувач на болестите на желудникот и цревата.




Гастритисот честопати е причинет од хеликобактеријата која во поголеми концентрации може да ја ош тети слузокожата на желудникот и да предизвика чир на желудникот.

Се препорачува да се намали употребата на сол која може да ја влоши оваа состојба. За да се смири воспалението на слузокожата на желудникот и да се подобри отпорноста кон инфекциите може да пробате да го направите следниот лек од најлековитото растение кое расте во нашите дворови:




Чувар куќата е растение кое долго време се користи како природен лек за многу болести. Се користи во народната медицина поради своите антиинфламаторни, адстрингентни и диуретични својства. Познат е неговиот лековит ефект надворешно, помага при сите кожни проблеми, но и внатрешно во комбинација со мед.




Го смирува и стабилизира нервниот систем, ја отстранува поспаноста и ја зголемува работната способност. Свежо исцеден сок од чувар куќа ја зајакнува отпорноста на организмот, помага при лекување на чир на желудник, разни воспаленија на мукозните мембрани, лекува главоболки, астма, гихт, болести на срцето и кр-вотокот, лекува грип и б олки во грлото.




Лек против хелико бактерија која предизвикува чир во желудник. Потребно е вкупно да се изедат 900 г листови чувар куќа, но вие ќе ги приготвувате постепено, а не одеднаш целата количина. Прво во блендер сомелете 150 г лист од чувар куќа, а во смесата додајте една лажица мед.




Ова ќе го повторите уште 6 пати. Може и на трипати по 300 грама, но иако смесата се чува во фрижидер, затворена во стаклена тегла, подобро е да се приготвуваат помали количини. Се кон-сумира по една лажица наутро, на празен стомак. Медот не е неопходен, тој повеќе се додава за вкус.




Бидејќи смесата е лесно расиплива, размислете да ја правите во уште помали дози, на пример шестпати по 150 г чувар куќа помешано со една лажица мед. Не смеете да правите прекини додека го земате лекот, односно, во континуитет треба да изедете 900 г.




Теглата со лекот секогаш завиткувајте ја во алуминиумска фолија за да се заштити од светлина. Терапијата со чувар куќа можете да ја повторите, но пред употреба најдобро е да се консултирате со вашиот лекар кој ја следи вашата здравствена состојба.

Исто така, можете да ставите и многу малку лимонов сок, за да си го прилагодите и подобрите вкусот. Ова ни го раскажа читателка која после 6 месечно кон-сумирање на овој лек, кога се прегледала на лекар таа веќе немала ниту бактерија, ниту тегоби. А инаку и давале многу агре-сивна антибиотска терапија од која имала многу тегоби.




ЛЕК ЗА ЧИР НА ЖЕЛУДНИК. Потребни состојки: 100 листови тегавец и 1 тегла мед. Постапка: исечканите листови се мешаат со мед и се остава да отстои 15 дена пред употреба. Се чува во фрижидер и се кон-сумира по една лажица наутро на гладно.




Прополис и перга – перга е полен кој пчелите го собираат и чуваат во кошниците за да можат да го користат преку зима како храна за младите пчели. Таквиот полен е богат со аминокиселини, полесни бактерии, млечна киселина, ферменти и квасци.




Прополисот се користи во облик на ал-кохолна тинктура, поточно десет капки прополис на чаша вода. Потребно е да се пие по една чаша пред секој оброк. Прополисот не го земајте доколку пиете антибиотици. Пергата се џвака додека е свежа и тоа по 10 мг дневно. Консумирајте ја после оброк.