Природен чај кој ја смирува кашлицата за еден ден

Прегорен шеќер за сува кашлица и болно грло – Рецепт 1

Доколку ве боли грлото и имате проблем co сува кашлица, уште еднаш ве потсетуваме на рецепт од нашите баби. Иако постојат многу варијанти на овој домашен лек, без или co млеко, без или co путер, ние ви ја препорачуваме комбинацијата од путер, шеќер и млеко.

Потребно ви е малку шеќер, путер, вода и млеко. Ставете еден сад на оган и додадете три кафени лажички шеќер да се стопат. Кога шеќерот ќе добие црвеникава боја ставете 100 мл вода и оставете да зоврие. Потоа додадете и 100 мл млеко и една лажичка путер. Мешајте додека путерот не се стопи. Напитокот од прегорен шеќер испијте го додека е топол.

Овој лек против кашлање е еден од најстарите проверени природни лекови на нашите простори: Рецепт 2

Loading...

Потребни се три главици кромид (средна големина). Кромидот сосе лушпата прво добро се плакне, а потоа секоја главичка се сече на 4 еднакви дела. Во литар вода се вари сè додека една третина од водата не испари. Потоа, кромидот се отстранува од течноста и чајот е готов. Се пие во текот на целиот ден, и не мора да е врел.

Рецепт 3

Ако некому премногу му пречи вкусот, добра замена е и чајот што се прави само од лушпи на кромид. За ова се потребни една рака лушпи од кромид, кои се варат во половина литар вода, 10 минути. Се цеди и се пие како и секој друг чај, неколку пати на ден.

Истражувањата покажаа дека токму лушпата од кромидот содржи богатство од антиоксиданси кои може да го подобрат здравјето на човекот на повеќе нивоа.

Надворешниот, кафеав слој од кромидот е богат со диетални влакна, флавоноиди и антиоксиданси, кои сите се многу корисни за подобрување на здравјето на кожата.

Во продолжение на текстот прочитајте кои здравствени придобивки можете да ги искористите од лушпата на кромидот.

Лушпата од кромид содржи повеќе антиоксиданси од плодот на кромидот

Лушпата од кромидот е богата со силен растителен пигмент наречен кверцетин, кој е многу ефикасен за намалување на хипертензија и спречување на затнати артерии.

Покрај тоа, лушпата од кромид има антеканцерогени, антифунгални, антибактериски и антиоксидативни својства.

Доколку ја вклучите и лушпата во исхраната, вие драстично ќе го намалите ризикот од:

-кардиоваскуларни болести
-рак на дебелото црево
-дебелина
-тип 2 дијабетес
-гастроинтестинални проблеми

Како да се направи чај од кромидова лушпа

Ова е неверојатен детоксикациски пијалак, кој многу едноставно се приготвува.
Собирајте ги лушпите од кромид во стаклена тегла.
Кога ќе сакате да си ја направите вашата инфузија, ставете неколку парчиња во сад и прелијте ги со зовриена вода. Покријте да киснат околу 15 минути. Процедете и пијте пред спиење.

Кверцетинот покрај другото има и седативни својства, па затоа е добро овој чај да се консумира пред спиење.

Користете ја лушпата од кромид за супи и чорби

Бидејќи лушпата не може да се јаде, затоа е најдобро да се користи за приготвување на супи и чорби.

Кверцетинот, главната состојка во лушпата од кромид, е моќен флавоноид – антиоксиданс, кој се бори против слободните радикали-предизвикувачи на ракот.

Студиите покажуваат дека лушпата на кромидот содржи висок процент на диетални влакна

Според истражувањата, лушпата од кромидот може да се користи како одличен додаток на секоја диета поради неговата висока содржина на нерастворливи влакна, што е од голема корист за редовните и нормални перисталтични движења на дебелото црево.

Дополнително, овие нерастворливи влакна помагаат да се отстранат сите токсини од цревата и да се балансира нивото на рН вредноста. Спречува формирање на канцерогени клетки.

Влакната се од корист за целокупното здравје, бидејќи го намалуваат ризикот од неколку здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, рак на дебелото црево, дебелина и дијабетес тип 2.

Забелешка: Лушпата од кромид не се препорачува за бремени жени и доилки.

Loading...