Пригответе ги оризот и пилешкото на овој начин и ќе добиете ручек за чиста десетка

Брз, едноставен и здрав рецепт за богат ручек за вашето семејство. Секогаш добитната комбинација е пилешко со ориз, а ова е рецепт како да ви излезе најубаво што може.

Потребни состојки:

пилешко

1 лажица вегета

1 главица кромид

вода

100 мл масло

200-250 г ориз

1 морков

сол, црн пипер и магдонос

Постапка:

Одвојте го пилешкото на парчиња и зачинете го со вегета.

Ставете да се пече околу 30 минути во подлабока тепсија.

Кромидот исечкајте го, морковот изрендајте го и зачинете со магдонос и вегета.

Оризот измијте го, процедете го и додадете го во садот со зеленчукот, па убаво се’ измешајте. 

Во тепсијата со месо додадете ја мешавината од ориз, зеленчук и малку промешајте. Прелијте се’ со вода и повторно ставете да се пече.

Печете додека да испари течноста и оризот да омекне.

Претходна статијаНикогаш веќе да не ве боли: природен лек за астма, бронхит, срце, ишијас и несоница
Следна статијаПита со сиренце мека како душа – полесно здравје