За 10 порции потребно е:

200 г Брашно за колачи од Жито Лукс

400 г праски

2 јајца

130 г шеќер

140 г мек путер

120 мл млеко

За карамел:

40 г путер

120 г шеќер

лажица вода

ПОДГОТОВКА:

Во еден сад измешајте 120 г шеќер, 40 г путер и лажица вода, загрејте на умерена температура, растопете, па кога смесата ќе карамелизира истурете ја на дното од калап (22 см), кој претходно сте го прекриле со масна хартија.

Распоредете го карамелот.

Праските измијте ги, исечете ги на тенки парчиња и распоредете преку карамел-подлогата.

Во чинија изматете путер со шеќер во пенаста смеса, па додадете јајца и добро измешајте.

Потоа наизменично додавајте млако млеко и брашно. На крајот измешајте прашок за печиво.

Смесата за колач истурете ја преку праските, израмнете и печете околу 50 минути на 180 степени.

Печениот колач оставете да излади па превртете го на чинија. Отстранете ја хартијата и послужете.