Уште пред две години, мојата стара мајка падна, го скрши колкот и заврши во постела. Оттогаш нејзините витални функции и нормалниот живот завршија.

После операцијата на колкот остана да лежи во постела цели две години. Докторите доаѓаа во домашна посета и и’ даваа терапија… Но сето тоа беше безуспешно.

Од ден на ден беше се’ послаба и се разболуваше од разноразни болести.

Одлучив своеволно да побарам лек, па се распрашував за сите можни начини.

Имав некое чувство дека ќе успеам да пронајдам народен, природен лек. На крајот успеав.

Лекот го добив од еден билкар од блиското село.

Потребни состојки: магдонос, рузмарин, ловоров лист, литар ракија, мед и ѓумбир

Постапка: Сите состојки се ставаат во еден литар ракија, а количината беше произволна.

Лекот се остава да стои 15 денови, а се консумира секое утро и вечер, по една супена лажица.

И денес сум му благодарна на билкарот за овој неверојатен лек.

КОМЕНТАР ОД ЧИТАТЕЛ во врска со количините:

”Го знам лекот, ова е стар лек, навистина се прави одокативно, но еве јас ги ставам отприлика овие количини:

1 китка магдонос, ситно сечкана или околу 50 г сув, 6-7 гранчиња рузмарин, врвови, 5-6 ловорови листови, 1 полна супена лажица рендан ѓумбир, 1/2 тегла мед и 1 литар ракија”.

Коментар на Вилма Циунова Рогузарова: “Јас го направив овој лек пред две години, само додадов плус мелена куркума, мелен цимет, мелено каранфилче и мелен ким. Чудо од лек е за сè”