Ниту една билка не го чисти дигестивниот и кр.вниот систем, како мечкиниот (див) лук, поради што треба да се јаде и да се внесува во исхраната што почесто. Напролет, има најлековити својства, тој е одличен чистач на кр-вта, жолчката и црниот дроб од ток-сини што се насобрале во организмот во текот на зимата.

Има исклучително силен ефект врз цревните паразити и спречува инфективно воспаление на цревната лигавица. Го намалува високиот кр-вен притисок, спречува појава на артериосклероза, односно има корисен ефект врз целиот кардиоваскуларен систем.

Со редовно користење може да се ели.минираат главоболките и несоницата, да се олесни ди.шењето при бронхитис. Има антибактериско дејство и помага во побрзо зараснување на ра-ните.

Биохемичарите тврдат дека мечкиниот лук е дури и поздрав од обичниот лук, а поради изобилството на алин, кој се претвора во алицин под дејство на кислород, мечкиниот лук ги подмладува кр-вните садови и ги прави еластични.

Мечкиниот лук е исто така богат со есенцијални масла, драгоцени минерални соли, шеќер, витамин Ц, каротен. Долго време се сметал за исклучително лековит, а познатиот германски билкар и свештеник Јохан Кинзл особено ја истакнал неговата вредност, нагласувајќи дека луѓето би биле целосно здрави ако го јадат редовно.

Младите лисја полни со витамини се совршена комбинација со зелена салата, а може да се користат и како додаток на супи и сосови. Лисјата се берат пред рацветување, а цвеќињата се собираат во летните и есенските месеци и се користат за подготовка на разни лековити препарати.

За целосно закрепнување на организмот и здрав изглед, потребно е да се кон-сумираат лисјата на ова растение секој ден, две до три недели.

Рецепти со мечкин лук

I Рецепт: Салата со мечкин лук

Потребни состојки: 4 јајца, 4 млади лукчиња, 1 мечкин лук, 200 мл кисела павлака, 200 г сирење.

Подготовка: Младиот лук излупете го и исечкајте го ситно како и мечкиниот лук. Изматете ги јајцата, сварете ги и потоа изрендајте ги. Додајте ја павлаката и ситно ренданото сирење. Измешајте добро и послужете.

II Рецепт: Тинктура од див лук и комова ракија

Потребни состојки: 300 г див лук, комова ракија (38 – 40% ал-кохол).

Постапка: Исечете го лукот на поситни парчиња и убаво измијте ги под млаз ладна вода. Испразнете го шишето со ракија и во него додајте ги влажните стебленца див лук.

Потоа прелијте ја ракијата во шишето и оставете малку простор за повремено протресување. Затворете го добро шишето и чувајте го 15 дена на сончево место или топло место.

Повремено протресувајте ја смесата. По изминатото време, процедете ја течноста и складирајте ја во шише. Чувајте ја во фрижидер во затворено шише. Кон-сумирајте 1 кафена лажичка од смесата наутро и навечер.

III Рецепт: Супа од мечкин лук

Потребни состојки: 1 кромид, 2 чешниња бел лук, 2 мечкини лука, 1 поголем компир, 2 моркови, 1 корен од магдонос, 1 стебленце целер, 1 лажица путер / масло, сол, црн пипер, 150 мл неутрална павлака, 1 лажичка шеќер, резанци за супа.

Постапка: Сиот зеленчук добро измијте го, исчистете го и пресечете го на коцки. Загрејте го маслото во тенџере, пропржете го прво лукот со лажичка шеќер, а откога ќе се карамелизира додајте го останатиот зеленчук со повремено мешање.

Ставете го на крај дивиот лук исечкан и прелијте со вода. Намалете ја температурата на готвење и оставете да се готви додека сите намирници да омекнат. При крајот додајте ја неутралната павлака и продолжете со готвење уште 2 минути. Зачинете по вкус. Додајте ги тестенините и лисјата од магдонос.

Домашна супа (Фото и рецепт: Елисавета Георгијовска)

IV Рецепт: Проја со мечкин лук

Потребни состојки: 350 г пченкарно жолто брашно, 100 г пченкарно интегрално брашно, 1/4 коцка квасец, 1 ќесичка прашок за печиво, 2 лажички хималајска сол, 1/2 газирана вода, 2 лажички семки по желба (сусам, сончогледови..), половина мечкин лук.

Постапка: Од газираната вода одвојте 100 мл и ставете да проврие. Во загреаната вода се става квасецот, се промешува и се остава да скисне. Во поголем сад се ставаат двете брашна, сол, прашокот за печиво, семките и подготвениот квасец.

Се става остатокот газирана вода и добро се меша. Мечкиниот лук се сечка и се додава во тестото. Се соединува тестото па се префрла во тепсија со пречник 26 цм претходно обложена со хартија за печење.

Тестото се остава да одмори додека рерната се загрее на 200 степени. Во загреаната рерна се пече пројата додека да порумени тестото, а по печењето се остава покриена со кујнска крпа малку да подизлади.

V Рецепт: Сос од мечкин лук

Потребни состојки: 250 г мечкин лук, 70 мл маслиново масло, 1 лажичка морска сол.

Постапка: Мечкиниот лук се чисти, темелно се мие и се става на крпа да се исуши. Во блендер се ставаат состојките и се блендира. Се складира во тегла и се чува во фрижидер.

VI Рецепт: Намаз од мечкин лук

Потребни состојки: 1 мечкин лук, 6 бадеми, 2 лажички сусам, 2 лажички цикорија, 2 лажички сончогледово семе, 1/2 лимон, 2 лажички маслиново масло, хималајска сол по желба.

Постапка: Сусамот, цикоријата и сончогледовите семки се ставаат во рерна да се печат додека да поруменат. Мечкиниот лук се сечка на парчиња, а семките и бадемите се блендираат.

Потоа додајте го мечкиниот лук, сокот од половина лимон, солта и маслиново масло и повторно изблендирајте. Намазот се чува во добро затворена тегла во фрижидер и треба да се искористи во наредните 7 дена. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска