Превкусен компир печен со сусам

Потребни состојки:

1,5 кг млади компири, со мала големина

50 г путер

2-3 лажици сусам

сол по потреба

Постапка:

Компирите убаво измијте ги и сварете ги.

Сварените компири излупете ги. Младите компири не се лупат така лесно како обичните, па затоа најлесно ќе може да ги излупите помеѓу две кујнски крпи.

Компирите ставете ги во тавче за печење, врз нив ставете парчиња путер и сусам.

Вака подготвени, ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени, додека да поруменат.

Претходна статијаАмерикански палачинки: готови за 10 минути
Следна статијаШницли од мелено месо, вака јас ги правам и мене ми се најубави